Научно докажано: Ова е песната која го намалува стресот

Добропознато е дека музиката го намалува стресот, ја зголемува продуктивноста и ви помага да заспиете полесно.

Неврохирурзите со помош на британскиот бенд Marconi Union уште пред 6 години ја направија песната „Weightless“ за која тврдат дека може да ве опушти и да го намали стресот.

Според истражувањето на Mindlab International, оваа песна ја намалува анксиозноста кај 65 проценти кај испитаниците.

Целта на научниците била како да им помогнат на луѓето да го намалат крвниот притисок, нивото на стрес, а тоа го постигнале благодарение на прекрасните звуци на клавирот, гитарата и звуците од природата.

Имено, учесниците во ова истражување требало да решават комплицирани загатки додека слушаат музика. За тоа време научниците го следеле нивниот крвен притисок, отчукувањата на срцето, дишењето, притисокот.

Научниците заклучија дека песната „Weightless“ има смирувачко дејство па затоа не треба да ја слушате додека возите автомобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e