Компанијата Фејсбук соопшти дека наскоро на своите корисници ќе им овозможи сами да го намалат бројот на политичките и општествено ангажираните маркетинг компании на Фејсбук или Инстаграм.
Покрај тоа, новата алатка ќе им овозможи на корисниците да се исклучат од следење на теми кои не ги интересираат и да бираат теми кои би се покажувале при прелистувањето.
– Планираме контролата врз политичките огласи да почне да функционира ова лето во САД, а таа можност понатаму ќе ја прошириме на повеќе локации, се наведува во соопштението.