Најчестите „митови“ за бременоста, дознајте што е вистина

Доколку сте во бременост, сигурно добивате бројни совети од членовите од семејството и пријателите од типот „Немој ова… никако тоа…” Прочитајте што е вистина и кои се најчестите митови за бременоста.

Мит: Не смеете да консумирате кикирики и млечни производи бидејќи и бебето ќе биде алергично на нив

Целосно е во ред да се јадат овие намирници доколку не сте алергични на нив или доколку докторот не ви советува да не го правите тоа. Не постојат докази дека избегнувањето на одредена храна во бременоста ќе спречи бебето да биде алергично на нив. Меѓутоа, ограничувањата во исхраната може да бидат штетни бидејќи бебето нема да добие доволна количина на нутритиенти.

Сепак, постојат некои намирници кои е најдобро да се избегнуваат во бременоста, поради ризик до одредени штетни микроби. Тука спаѓаат одредени меки сирења, паштети, сирово меси или риба и недоволно готвени јајца.

Мит: Постојат алтернативни начини со чија помош можете да го утврдите полот на бебето

Положбата на бебето во стомакот, ставањето на венчалниот прстен на стомак и следењето на активностите на бебето се алтернативни и малку смешни начини со чија помош наводно можете да го утврдите полот. Се разбира, ниту еден од нив не е вистина.

Неинвазивниот пренатален тест (NIPT) се прави во десеттата седмица и може да го открие полот. Исто така и ултразвучен преглед може да биде од корист, иако не е 100% веројатен.

Мит: Во бременоста треба да јадете за двајца

Нема докази кои го потрдуваат ова. Количината на намирници зависи од вашата тежина и висина, физичката активност и месецот на бременост. Но, повеќето жени во бременоста би требало да внесуваат само 350 до 400 дополнителни калории дневно.

Toа се неколку парчиња овошје, тврдо варено јајце или смути.

Мит: Не би требало да практикувате топли купки, да ја фарбате косата или да вежбате

Топлите купки се безбедни за трудниците, само внимавајте да не биде претопла водата. Хормонските промени во бременоста можат да доведат до тоа да ни биде претопло. Треба да се избегнуваат хидромасажни купки бидејќи може да ја покачат телесната температура.

Ниската концентрација на хемикалите во фарбата за коса не е штетна. Меѓутоа, многу жени избегнуваат фарбање во првите 12 седмици од бременоста. Доколку се одлучите за овој чекор, но сепак не сте сигурни, држете ја бојата на косата што пократко. Користете ракавици и проветрувајте ја просторијата.

За вежбите кои планирате да ги правите разговарајте со вашиот доктор. Доколку бременоста не е комплицирана, би требало вежбите да траат помеѓу 20 и 30 минути, четири до пет пати неделно. Избегнувајте вежби кои ве изложуваат на опасност од пад.

Mит: Мачнина се јавува само наутро

Мачнина или повраќање за време на бременоста може да се појави во било кој период од денот поради хомонални промени. Повеќето жени ова го доживуваат наутро, а ситуацијата се подобрува по третиот месец. Но, ова не значи дека сите жени мора да имаат исто искуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e