На први се раѓаат лидери, на трети дружељубиви…Дознајте за вашиот датум!

Што открива за вас датумот на раѓање?
Броевите од еден до десет имаат голема моќ.

Нив ги имаат лидери, луѓе кои се склони да преземат одговорност и да ги водат другите луѓе на патот кон успехот. Исто така, тие се многу храбри, подготвени да реализираат нови идеи, креативни се и лесно ги решаваат сите проблеми што ќе им се најдат на патот. Ова, велат нумеролозите, се должи на тоа што бројот десет е опишан како број еден зголемен десетпати.

Слично правило важи и за броевите од девет до осумнаесет.

Луѓето родени на деветти во месецот имаат развиено чувство за разбирање и сочувство кон другите. Тие се заинтересирани за областа на филозофијата. Сакаат големи животни промени, бидејќи преку нив се обликуваат. Имаат многу изразена толеранција кон другите луѓе, култури, обичаи.

Осумнаесет е најразновидниот од сите броеви и може да се сведе на девет.

Бидејќи осумнаесет е девет по два, луѓето родени на овој датум имаат двојно посилни особини од оние на кои влијае бројот девет. Тие можат да направат многу повеќе од другите, нивните интереси се различни, а нивните таленти се неограничени. Кога планираат нешто, тоа го постигнуваат. Сепак, тие не ја користат својата моќ и талент за да постигнат само сопствена корист, туку сакаат и да им помагаат на другите. Ова докажува дека се толерантни и добри луѓе.

Броевите составени од две цифри можат да ги преземат својствата на двете. Така, броевите меѓу 21 и 29 ги добиваат карактеристиките на бројот два и оној што следи по него.

Број два е бројка што носи нагласена колегијалност, било во деловниот или во приватниот живот. Родените на втори во месецот имаат тенденција да исполнуваат туѓи желби, без разлика дали се работи за член на семејството или познаник.

Бројот три е бројот на дружељубивост. Луѓето родени на третиот ден во месецот немаат проблем да воспостават контакт бидејќи природно привлекуваат други луѓе.

Бројот четири се однесува на вредните луѓе кои го завршуваат секој проект што го започнуваат, водени од слоганот: „Што можеш да направиш денес, не оставај за утре“

Бројот пет укажува на подготвеност за промени кои луѓето родени на овој датум ги следат во текот на животот.

Родените на шести во месецот се склони кон хуманитарна работа. Подготвени се да покажат љубов кон сите, без разлика на возраст, пол, раса.

Контемплативната природа е особина која се изразува кај луѓето кои се родени на седми во месецот. Затоа, мора да внимаваат да не се повлечат премногу од општеството и да не паднат во самотија.

Родените на осми во месецот знаат добро да се справат со парите.

Еве што кажува за вас датумот на вашиот роденден?

1 – Родените на први се создадени за улогата на лидер – тие имаат силна личност.

2 – Исклучително сте склони кон соработка, како на деловен, така и на приватен план.

3 – Секогаш сте во центарот на настаните, плените со дружељубивост.

4 – Сакате да работите, логичното размислување е вашата силна страна.

5 – Вашиот живот ќе биде обележан со чести промени.

6 – Се занимавате со образование и хуманитарна работа.

7 – Многу сте склони кон контемплација, а ве привлекува и уметноста.

8 – Одлични сте во финансиските води.

9 – Ги разбирате другите луѓе и имате разбирање за нив.

10 – Можете да се справите со сѐ што ќе ви се најде на патот.

11 – Вие сте чувствителна личност и понекогаш страдате поради тоа.

12 – Имате вроден шарм и карактеристична привлечност.

13 – Многу сте концентрирани и посветени во работата.

14 – Мудроста, интуицијата и креативноста се вашите главни квалитети.

15 – Вие сте љубезни, трпеливи и подготвени да им помогнете на сите.

16 – Љубезни сте кон блиските и драги луѓе.

17 – Инвентивни сте и со креативност ги реализирате своите идеи.

18 – Имате силна харизма и сте сестрани.

19 – Авантуристи сте и не се плашите да ги изразите своите чувства.

20 – Се жртвувате за доброто на другите, но заборавате на себе.

21 – Ги сакате луѓето и уживате во одлично друштво.

22 – Го планирате секој чекор и верувате пред сѐ во себе.

23 – Вие сте роден говорник, брилирате со зборови.

24 – Забележувате убавина во сѐ околу вас и таа ве исполнува.

25 – Се карактеризирате со трпение и контемплација.

26 – Силни сте и амбициозни, искористете го тоа во бизнисот.

27 – Вашите животни искуства се многубројни и интересни.

28 – Креативни сте и оригинални, барате стабилност.

29 – Интуитивно ги разбирате проблемите на другите.

30 – Секогаш кажувате што мислите и чувствувате.

31 – Интуицијата ви покажува по кој животен пат треба да одите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e