Мускулестите мажи повеќе не се најпосакувани, еве што сакаат жените

Според резултатите од најновото истражување на “Planet Fitness” кое опфатило 2217 испитаници, пополните мажи се многу попривлечни од мускулестите мажи, пренесува порталот “DailyStar”.

Неверојатни 65 отсто од испитаничките изјавиле дека природниот изглед на машкото тело е попривлечен. Тоа е осум отсто повеќе од минатата година, што всушност е одлична вест за сите оние со некој килограм повеќе.

Истражувањето исто така покажало дека повеќето жени, поточно 51 отсто од нив, повеќе сакаат “dad body” за разлика од извајаните стомачни мускули, односно трендот кој го слави “природното машко тело”, а тој е синоним за мажите кои не се отповаруваат со теретана и броење на калории, а најчесто се однесува на помладите или нешто постарите татковци.

Оваа година, машките испитаници откриле дека многу подобро се чувствуваат во своите тела. Неверојатни 79 отсто од нив изјавиле дека се задоволни со својот изглед, што е за 13 отсто повеќе од претходната година.

“Фокусот повеќе е ставен на лицето, а не толку на телото. Ваквиот пресврт го намалува притисокот дека телото мора да биде извежбано и наместо тоа дозволува тоа да биде заоблено”, вели пластичниот хирург Рајив Гровер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e