Мртва пијана ги возела трите деца, па им нудела секс на полицајците за да не ја уапсат

Американка се соочува со серизона затворска и парична казна , откако ги возела мртва пијана своите три деца, а кога ја запрела полицијата , го соблекла градникот и им нудела секс на полицајците.
Американката Ребека Сју Доди (29) од Пензилванија е обвинета за нудење поткуп, непристојно однесување и возење по дејстов на алкохол , како и три обвиненија за загрозување на животите на други лица, во случајов нејзините три мали деца , кои мртва пијана ги возела на задното седиште. Таа е пуштена со кауција од 2 500 долари , а првото сослушување пред суд е закажано за 19. септември.

Сè се случило во саботата кога полицијата интервенирала во нејзиниот дом поради семејно насилство. Кога стигнале таму, разговарале со нејзиното момче Џејкоб Анголи, кој им рекол дека пијана ги возела нејзините три деца.

Во тоа време, полицајците разговарале и со жената , која мирисала на алкохол, била нестабилна, тешко разговарала и очите и биле стаклени. Полицијата ја уапсила за возење пијана, поради тоа што ги изложила на опасност своите деца.

„Додека бевме на пат кон болницата, Доди се обиде да ми понуди сексуални услуги за да избегне казна“, рече полицаецот кој ја уапси. Нејзиното однесување, наводно, продолжило во болницата, пред лекарите и полицијата.

Полицијата ја привеле, а таа ја соблекла маицата и градникот и им ги покажала на градите, па продолжила да им нуди секс како замена за пуштање без обвиненија против неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e