И додека некои мажи воопшто не знаат како со жените, други можат да ја освојат било која дама која ќе ја посакаат.
Астролозите тврдат дека на способноста за флертување влијае и хороскопскиот знак, а во овие знаци се раѓаат највештите заводници:
Овен
Овните сакаат да бидат мачо мажи на сите животни полиња, па така и во љубовта. Тие освојуваат со класичниот пристап, директно и без заобиколување. Исто така, мажите родени во овој знак ќе ви овозможат возбуда и задоволство кое го посакувате.
Лав
Лавовите по природа се заљубени во себе и се полни со самодоверба, што е нешто што не го кријат. Тие исто така без премногу заобиколување се обидуваат да ја импресионираат жената која им се допаѓа. Ако треба, ќе се трудат и со недели, а со својата упорност и карактер сигурно ќе успеат да ја освојат. Овие мажи се великодушни и во креветот, па ќе го дадат максимумот од себе, но истото ќе го очекуваат и од вас. Со други зборови, тој овозможува, но и бара задоволство.
Вага
Вагата ќе ве освои со својот стил, шарм и раскош. Вагите уживаат во интимните моменти со партнерот и сакаат да слушаат нежни зборови, но очекуваат од него во целост да им се посвети. Овие мажи се сметаат за великодушни љубовници и поради тоа им е потребна соодветна партнерка која ќе може да ги следи во секој чекор.
Шкорпија
Шкорпиите се сметаат за љубовници со „висок напон“ и иако многу жени фантазираат за романса со некој таков маж, ретко којa може да им парира. Тој со брзина на светлината ќе го освои вашето срце и тело, но секој обид за разговарање за интимноста нема да им биде пријатен бидејќи во суштина се нежни и ранливи. Но, сексот е загарантирано фантастичен.
Стрелец
Кога ќе му се допаднете на некој Стрелец, тој ќе ве купи со неговото внимание и ќе се обиде на секој начин да ве освои. Со тоа ќе имате впечаток како да сте единствената жена на светот кој тој ја посакува. Што и да посакате во креветот, тој ќе го направи тоа за вас, но има една маана – Стрелците знаат да бидат безобѕирни поради нивната вродена искреност и одлучност.