Мастурбирањето го подобрува имунитетот

Оргазмите помагаат да се намали болката и го опуштаат телото, што му дава прилика да закрепне и да го „крене“ одбранбениот систем.

Постигнувањето оргазам преку мастурбирање предизвикува наплив на хормоните кои прават да се чувствуваме добро (допамин, серотонин и окситоцин) и може да го балансира нивото на кортизол (кој се лачи при стрес). Ова му помага на нашиот имунитет да функционира на највисоко можно ниво.

Напливот на „добрите“ хормони исто така прави да се чувствуваме опуштено и смирено, што значи дека ќе спиеме мирно и ќе се одмориме што е од критично значење во функционирањето и обновувањето на имуниот систем.

Исто како што штетните навики го забавуваат имунитетот, добрите навики (како здрав распоред на спиење и редовен секс) може да ви помогнат да го подобрите имунитетот, а тоа значи да се заштитите од болести.

Според доктор Глорија Брејм, експерт за фетиши и БДСМ, оргазмот е најдобар начин за ослободување на допамин во телото што не е поврзан со лекарства. Оргазмот доживеан преку мастурбирање го има истиот ефект, секако без дополнителните бенефити од сексуален однос.

Сексуалната возбуда и оргазмирањето го зголемуваат бројот на бели крвни зрнца во телото, што го прави поотпорно на инфекции и болести.

Истражување спроведено на Одделението за медициснка психологија при Универзитетската клиника во Есен во Германија, покажа дека мастурбирањето го зголемува бројот на бели крвни зрнца.

Вкупно 11 испитаници учествуваа во тестирањата за да се покажат ефектите на мастурбирањето врз зголемувањето на бројот на бели крвни зрнца и подобрувањето на имунитетот.

На секој учесник во истражувањето му било земано крв 5 минути пред и 45 минути по постигнувањето оргазам по пат на мастурбација.

Резултатите потврдија дека сексуалната возбуда и оргазмирањето го зголемиле бројот на бели крвни зрнца во телото, особено на оние бели крвни клетки кои се „природни убијци“ кои помагаат во борбата со инфекции.

Долго време се дебатира на темата колку мастурбирањето е добро за човечкиот организам, а колку повеќе истражувања се прават на оваа тема, толку повеќе научни факти се појавуваат што ги потврдуваат позитивните ефекти на мастурбирањето за човечкиот ум и тело.

Мастурбирањето помага и против главоболки

Според Стефан Еверс, невролог и специјалист за главоболки, околу еден од три пациенти рекле дека се ослободиле од напад на мигрена откако имале сексуален однос или оргазмирале со самозадоволување.
Еверс и неговиот тим спроведоа истражување со 800 пациенти со мигрена и 200 пациенти кои страдале од т.н. кластер главоболки (главоболка која е силна и трае во циклуси од две недели до еден месец), за да откријат како нивните искуства со сексуална активност влијаеле на нивото на болка кое го доживувале.

Истражувањето покажа дека 60% од пациентите со мигрена пријавиле ослободување од болката откако имале сексуална активност што резултирала со оргазам. Од другата група со кластер главоболките, околу 50% рекле дека главоболката им се влошувала по сексуално возбудување или оргазам.

Еверс смета дека овие резултати покажуваат дека кај луѓето кај кои не дошло до намалување на болката од мигрена или главоболка за време на сексуалната активност, не била ослободена доволна количина на ендорфини како кај оние кои се ослободиле од болката.

Според ревматологот Харис Мекилвен, луѓето кои страдаат од хронична болка имаат имунитет што едноставно не функционира со полн капацитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e