Маск: Твитер секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници

Најбогатиот човек на светот, Елон Маск изјави дека Twitter секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но дека може да има промена на цените за комерцијалните и државните корисници.

„Twitter секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но може да има помали промени во цените за комерцијалните и владините корисници“, изјави новиот сопственик на Twitter, Маск.

Twitter одби да коментира за ова прашање откако беше контактиран од Ројтерс.

Маск започна со предлози за промени на Twitter минатиот месец.

Откако ја додаде оваа социјална мрежа на списокот на компании што ги поседува, Маск рече дека сака да ја подобри платформата со нови опции, да промени одредени алгоритми, да отфрли ботови и да ги верификува сите сметки.

Минатиот месец, пред да постигне договор за купување на Twitter, Маск предложи неколку промени во премиум услугата за претплата на Twitter Blue, вклучително и намалување на цената.

Тој, исто така, во понеделникот рече дека ќе го направи транспарентен начинот на кој одредени твитови се промовираат или деградираат и дека софтверот на Twitter ќе го направи достапен за јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e