Коосновачот и извршен директор на „Тесла“, Елон Маск го престигна извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг и стана четврта најбогата личност во светот, а акциите на компанијата продолжија да растат по веста дека ќе бидат додадени и на „С & П 500“ индексот на крајот на следниот месец. .
Акциите на производителот на електрични возила се зголемија скоро 10 проценти вчера, со што нето-вредноста на Маск се зголеми за 8,3 милијарди долари и сега изнесува 105,4 милијарди долари, според Форбс.
Тоа го направи четвртиот најбогат човек во светот, според Форбс, а Цукерберг, кој има нето вредност од 100,6 милијарди долари, оди на 5. место.
Богатството на Маск се зголеми се зголеми многу оваа година, а акциите на Тесла пораснаа за повеќе од 460 проценти во 2020 година.
Со тоа „нето-вредностаЕ на Маск, се зголеми за скоро 76 милијарди долари откако Форбс ја финализираше својата листа на светски милијардери на 18 март, кога имаше богатство од 24,6 милијарди долари.