Беким Асани кој на јавноста и е познат како еден од најгласните ЛГБТ активисти, се реши за несекојдневен потег.
Наместо да оди на одмор, активистот за правата на ЛГБТ заедницата, Беким Асани парите за планираниот одмор ги даде на студент да запише семестар на факултет и да заврши други обврски.
„Друштво…поради ненадејната смрт на Татко ми пред 10 дена …годинава нема да одам на одмор…ако познавате некој што заслужува одмор а неможе да си го дозволи ве молам контактирајте ме..или некој/а студент/ка што нема можност да си плати семестар…“
Асани информираше дека пред десетина дена починал неговиот татко, а ваквиот несекојдневен потег наиде на многу позитивни реакции на социјалните мрежи.