Овен: 26 март
Венера, планетата на љубовта, ви носи магија, романса и возбуда поради нов и пријатен почеток. Ќе ви се исполнат некои од најпосакуваните желби. Во 2021 година ве очекува целосно ново романтично патување. Очекувајте да почувствувате пеперутки во стомакот.
Бик: 17 јануари
Уран, планетата на промените, ќе патува низ вашиот знак цела 2021 година, продолжувајќи со темата на будење и инспирација во вашиот живот. Во јануари може да започне нешто ново и возбудливо во вашиот професионален живот. Вашата кариера може неочекувано да тргне во подобра насока на 17 јануари. Додека овие ненадејни промени може да бидат поразителни за некои, вие сте трпеливи и знаете како да ги искористите сите можности. Во текот на таа седмица, значително ќе бидат зголомени вашите амбиции и вашата мотивација.
Близнаци: 31 мај
На 31 мај, во средината на сезоната на Близнаците, ве очекува многу среќа и магија. Бидете подготвени да ги прифатите сите астролошки предности и да преземете чекори кон вашата судбина бидејќи среќата ќе биде на ваша страна тој ден.
Рак: 23 јуни
Непосредно по почетокот на сезоната на Ракот, астролошките настани ви носат оптимизам, дарежливост и среќа. Нептун и Венера (која е во вашиот знак на овој датум осветлувајќи го вашиот хороскопски знак со романса) ќе ви помогнат да ги активирате вашите најпријатни фантазии.
Лав: 13 јули
Подгответе се да почувствувате кулминација на магијата кога станува збор за романтиката и за креативноста. На овој ден започнува нов циклус во односите, што може да донесе многу свежа енергија во вашиот љубовен живот и повторно да ја заживее вашата креативност кога станува збор за страста. Вашиот љубовен живот ќе биде многу возбудлив, а задоволството и романтиката ќе ве чекаат на секој агол. Искористете го овој креативен поттик додека започнувате нов циклус.
Девица: 12 јули
Астрологијата ви носи нови можности во љубовта – ќе ви помогне да ги решите сите проблеми во врската и да го продлабочите вашиот романтичен однос. На 12 јули, вашата владејачка планета Меркур ќе формира хармоничен аспект со Јупитер во Риби, внесувајќи јасност, отвореност и длабочина во вашата комуникација во рамките на партнерствата.
Вага: 6 септември
Вашата владејачка планета Венера ги изнесува на виделина вашиот вкус за уметност и раскош, како и вашите романтични чувства, па кога ќе формира магичен аспект со Јупитер на 6 септември, тие чувства ќе претераат. Двете поволни планети ќе се усогласат во ваша корист на тој ден, ќе го зголемат вашето задоволство и ќе ви донесат романтична љубовна приказна од епски размери.
Скорпија: 17 ноември
На овој ден ќе се чувствувате како да можете целосно да ја искористите вашата моќ и ќе успеете да ја поврзете вашата сенка со вашето надворешно јас. Тоа ќе ви овозможи да ја претворите вашата болка во голема инспирација што може да ве трансформира. Марс и Венера ви носат дополнителна доза страст и задоволство тој ден, правејќи го совршен за остварување на вашите лични цели.
Стрелец: 21 мај
За време на пролетта, вашата владејачка планета Јупитер ќе го осветли вашиот емотивен живот и ќе ви донесе утеха и среќа. Астролошките настани ќе ја поттикнат енергијата во вашиот љубовен живот, а Сонцето, Венера и Меркур ќе се соберат заедно во вашата куќа на партнерствата. Ако сакате да направите некаков потег во вашиот љубовен живот, 21 мај е денот кога можете да изградите нешто што ќе трае долго.
Јарец: 23 август
На овој ден ве очекува успех во сè што ќе допрете. На работното место ќе се чувствувате длабоко поврзани со вашите професионални потфати и ќе извлечете голема вредност од вашите придонеси. Тоа ќе ја зацврсти вашата позиција, ќе ја подобри вашата креативност и ќе ви помогне да создадете кариерна патека што ќе трае подолго.
Водолија: 11 февруари
Ова е исклучително моќен ден полн со можности за вас. Време е да се ослободите од старата кожа и да се трансформирате целосно. Венера и Јупитер ви носат среќа, романса, задоволство, изобилство и раскош. Во текот на овој ден ќе наидувате на среќни можности на секој агол.
Риби: 21 јуни
Овој ден е ден за флерт, забава, креативни потфати и проширување на вашите хоризонти. Ниту една фантазија не ви е далеку од дофатот, па дозволете им на вашите чувства да излезат на површина и да го постигнат тоа што мислите дека е невозможно.