Кои хороскопски знаци најтешко ја поднесуваат изолацијата?

Сигурно никому не му е лесно поради воведената вонредна состојба и мерките за изолација, но овие 3 знаци веќе планираат патување по карантинот.

Личностите родени во овие хороскопски знаци прилично многу ги погодува новонастанатата ситуација, особено поради тоа што мора да бидат на истото место подолго од неколку дена.

Самоизолацијата, како што пишува “Your Tango”, најтешко им паѓа на Близнаците, Вагата и Овенот.

Близнаци

На Близнаците им е веќе доста од сè и сакаат да се забавуваат. За нив е незамисливо да ја поминуваат секоја вечер во домот со книга или ТВ серија. Тие се едноставно многу отворени и многу друштвени личности кои не се научени да уживаат сами.

Вага

Вагите се зависни од другите луѓе кога станува збор за забавата и разонодата. Иако не “лудуваат” како Близнаците, на Вагите вистински им недостасуваат дружењата и забавите, па веќе сега планираат што ќе прават за неколку месеци, каде ќе патуваат и со кој ќе се видат.

Овен

На Овните им фали авантура. Тие се вистински авантуристи на кои денот не им е добар ако во него не дознале нешто ново и направиле нешто спонтано или тотално лудо. Иако некои Овни делуваат затворено, кога ќе ги запознаете ќе сфатите дека тоа е далеку од вистината. Сепак, она што ги разликува од екстровертните Близнаци е фактот дека знаат да уживаат сами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e