Клинтон проговори за аферата со Левински: Ми беше разонода и ослободување од стресот

Клинтон овој пат јавно ѝ се извини на Левински и додаде дека му е жал што станала позната во светот поради нивната врска.

Новиот документарец за Хилари Клинтон откри и нешто повеќе за најпознатиот секс-скандал во Белата куќа – аферата на нејзиниот сопруг Бил Клинтон и Моника Левински.

Поранешниот претседател на САД изјави дека кога ја запознал Моника, бил под голем стрес поради работата и дека аферата со Левински му помогнала да се носи со своите проблеми, односно да ги „тргне мислите од проблемите“.

Клинтон последен пат за аферата со Левински зборуваше во 2018-та година и ја згрози американската јавност откако порача дека не ѝ должи на Левински никакво јавно извинување. Во документарецот тој раскажа дека во 1998-ма година морал се да ѝ каже на сопругата Хилари, по што следувало мачно брачно советување.

„Седнав на креветот и разговарав со неа. Ѝ кажав се што се случи и кога се случи. Ѝ реков дека се чувствувам ужасно, дека сме поминале низ многу работи во последните неколку години. Тоа што го направив е непростливо“, изјави Бил Клинтон.

Хилари исто така проговори за скандалот во Белата куќа пред камерите.

„Бев скршена, толку ме повреди тоа што не можев да поверувам. Не можев да поверувам во тоа“, раскажува Хилари и открива дека му рекла на Бил дека тоа ќе мора да ѝ го каже и на нивната ќерка.

На прашањето зошто го ризикувал бракот, семејството и кариерата, Бил во документарецот изјави дека во тие моменти не размислувал за тие работи, притисокот на функцијата во Белата куќа бил преголем и му требало нешто за да му ги оттргне мислите.

„Тоа не е мое оправдување, само објаснување. Се чувствувам ужасно“, изјави Бил Клинтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e