Грција ги крена рампите за вакцинираните лица, оние кои го прележале коронавирусот, како и со негативни ПЦР тестови не постари од 72 ччаса пред влегувањето кај јужниот сосед. Вака олеснетите мерки во борбата со пандемијата наметната од коронавирусот годинава треба да го заживее тиуризмот во Грција, која и понатаму останува една од најпопуларните летни дестинации за македонските граѓани.
Туристичката сезона е отворена од 15 мај со посебни протоколи. Цените крај брегот на Егејското Море во дестинациите каде најчесто претстојуваат туристите од регионов остануваат речеси непроменти како и пред започнувањето на корона-кризата и затворањето на земјата за туристи во 2020 година.
Цените на намирниците кои туристите најчесто ги купуваат во Грција се следни:
-гиро 3 – 3,3 евра
-пиво (0,5л) 1,4- 1,65 евра
-домат (1kg): 2,10 евра
– пиперка (1kg): 2,40 – 3,30 евра
-јаболки (1kg): 1,80 евра
-лимон (1kg): 1,9 евра
-лубеница : 1,10 евра
-кромид: 0,85-1,20 евра
-портокали: 1,30 евра
-компир: 0,90 евра
-кока кола 1,5l: 1,59 евра
– млеко 1l: 1,80 – 1,95 евра
-маслиново масло: 5 евра
-сирење: 3,8 – 9 евра
-алва: 4,9 евра
-сладоледи 2kg: 3,6 евра
-маслинки: 4 – 5 евра
-леб: 0,40 евра
-сокови: 0,75 евра
-вода (6l): 1 – 1,7 евра