Како да се ослободите од лошата миризба во фрижидерот?

Сте заборавиле некоја намирница сопоминат рок во фрижидерот, па таа се расипала и сега имате непријатна миризба која никако не поминува? Не очајувајте има решение и на овој проблем!

Земете малку сода и измешајте ја со малку вода во сад.

Натопете крпа со смесата и ставете ја во ладилникот.

Миризбата ќе исчезне за неколку часа.

Но исто така доколку во фрижидерот постојано имате отворен сад во кој има сода бикарбона, тогаш со месеци нема да имате грижа за неочекувани лоши мириси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e