Во производството на парфеми-копии може да се користат штетни состојки, низок квалитет на алкохол, лесно испарливи хемикалии, вода со слаб квалитет, алуминиум, арсен, антифриз.
Во кратки црти, не можеме да бидеме сигурни што точно има во шишињата со парфеми, бидејчи најчесто парфемите копии се одлични и мирисаат слично на оригиналите.
При производството на пармефите копии можно е да се користат штетни состојки, потоа алкохол со низок квалитет, лесно испарливи хемикалии, вода со слаб квалитет, алуминиум, арсен, антифриз. Како последица на употребата, може да се појават разни проблеми со кожата, како што се акни, осип, инфекции на очите, алергии.
Ако внимателно го погледнеме пакувањето на парфемите, кај многу, можеме да утврдиме дали е копија.
Пакување
Повеќето од оригиналите имаат целофан и кутија во која се наоѓа парфемот. Целофанот треба да биде потполно затегнат околу кутијата. Точното име на парфемот, името на компанијата и листата на состојки мора да бидат напишани на кутијата, а баркодот треба да биде на долниот дел од кутијата.
Шише
Ако шишето има видливи недостатоци, пукнатини и гребнатини, можеби ќе помислите дека станува збор за лажен парфем. Тоа исто така треба да ги има истите информации како на пакувањето, името на брендот, името на мирисот и сериските броеви.
Капаче
Проверете го изгледот на капачето од шишето, дали е прваилно, дали има украси и како се направени? Кај лажните парфеми на капачињата не им се посветува големо внимание.
Течност
Оригиналната течност за парфеми треба да биде кристално чиста.
Цевка
Кај нов парфем цевката низ која треба да помине парфемот е празна. Новиот парфем мора да има празен довод. Неопходно е да го притиснете спрејот двапати, со цел да ја наполните цевката и да парфемот да почне да се распрскува.