Кафето е егзотично растение. Mожете да го одгледувате и во домашни услови. Одгледувањето не е тешко, а применувајќи неколку правила можете да имате сопствено кафе.
Дрвото кафе што најмногу се одгледува дома е од арапска сорта (cafa arabica). Оваа сорта може да се најде во повеќето земјоделски аптеки. Кафето доаѓа од тропските региони на Африка. Доколку сакате да го одгледувате ова тропско растение дома мора да се придржувате до неколку важни правила.
Дрвото кафе може да достигне висина до 6 метри. Кога ќе го купите дрвото кафе во саксија, најверојатно тоа ќе има како грозд зелени, густи лисја кои брзо ќе му го променат изгледот и тоа повеќе ќе наликуваат на неговиот „див брат“. Растението можеби и не е толку големо, но домашното кафе може да достигне висина и до 2 метри.
Кафето ќе има потреба од топлина и од светлина во текот на целата година. Обрнете внимание тоа да биде ставено на осветлено место, но во исто време треба да го заштитите од директна сончева светлина. На вашето растение ќе му биде најдобро на температура од 22 до 25 °C.
Уште едно нешто што треба да го направите во текот на летото е ѓубрењето, а најдобро е да користите цитрусно ѓубриво. Во зима, на растението му е потребна пониска температура, околу 18-20 °C.
Треба да одберете најдобра почва за вашето растение. Благодарение на почвата, растението ќе расте правилно и нема да се разболи. На кафето му е потребна плодна и малку кисела почва.
Ако создадете вистински услови за вашето кафе, по неколку години тоа може да ви возврати со нежни и мирисливи цветови што ќе формираат ситни, црвени плодови. Можете да ги соберете, да ги излупите , исушете ги и испржете ги и ќе имате свое кафе.