Заради тоа што се задушени мрежите, Јутјуб е втората стриминг платформа која се согласи да го намали квалитетот на својата содржина.
По Нетфликс и Јутјуб се согласи на молбите од Европската унија, која барала од стриминг платформите да го намалат квалитетот на своите видео записи за да се спречи преоптоварување на интернетот.
Видео снимките претставуваат значаен дел од податоците во интернет сообраќајот.
Тој потег следи откако Тјери Бретон, комесар на ЕУ, разговарал со извршните директори на компаниите Алфабет и Јутјуб.
До сега се забележани само неколку случаи во кои употребата на интернетот дошла до границата, но сепак овој потег ќе го намали преопроварувањето на интернет мрежата, велат од компанијата Јутјуб, пренесе Ројтерс.