Ја чувала невиноста до бракот, а потоа на медениот месец дознала дека не може да има односи

Пораснала во патријархално, христијанско семејство, Стефани ја чувала својата невиност до бракот, а потоа останала запрепастена – заболела од вагинизам, состојба која ѝ создавала ужасни болки во текот на сексуалниот однос. Вистината ја дознала дури на медениот месец.

Стефани Милер (23), социјална работничка од Њујорк, пораснала во христијанско семејство, а одлуката за да има секслуален однос со својот партнер по бракот била нормална и за неа и за нејзиното семејство.

Во 2013-та година таа го запознала нејзиниот сегашен сопруг Ендру (31), а нивниот романтичен однос го започнале во 2015-та година. Парот не знаел каква е нејзината здравствена состојба до нивниот меден месец.

По две години врска, во април 2017-та година одлучиле да се венчаат, а на медениот месец да спијат заедно. За Стефани, логично тоа би било првпат.

„Првиот пат имавме потешкотии со потенцијата, но мислевме дека треба да се опуштам. Потоа добив гливична инфекција и ми беше многу непријатно. Никогаш не сум го имала тоа, а траеше еден месец поради разните лекови кои не делуваа“ – рекла Стефани.

Кога закрепнала од инфекцијата, мислела дека конечно ќе може да има односи. Во 2018-та година посетила гинеколог кој ѝ открил дека има вагинизам – грч на мускулот на матката.

„Јас и мојот сопруг разговаравме за мојата здравствена состојба поради која што живеевме како цимери. Никој не сакаше да предложи секс, бевме разочарани и заспивавме плачејќи“.

Стефани почнала да ја истражува својата состојба и својата дијагноза и учела како да се носи со сето тоа. Стефани сега вели дека многу години чивствувала срам поради фактот дека не можела да има секс со својот сопруг и признала дека размислува да раскине со него.

„Вагинизмот е тешка работа, а уште потешка ја прави тоа што чувствувате како да сте изолирани. Се чувствував посрамотено, скршено и како со никој да не можам да разговарам за тоа. Ендру и јас чувствувавме дека сме загубиле голема работа. Тој ми беше голема поддршка низ целото ова “патување““ .

Стефани во јануари 2019-та година започнала со третман за лечење па го надминала вагинизмот. Оттогаш слободно зборува за нејзината болест и искуства за да им помогне и на другите жени кои се нашле во сличен таков проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e