Научниците од Харвард откриваат кога сѐ ќе биде ставено под контрола
Иако неколку држави најавија укинување на вонредните мерки, научниците од Харвард се спротивставиле на таа одлука. Тие сметаат дека сѐ уште е рано за тоа, и дека ќе има последици.
Тие предвидуваат дека борбата со коронавирус ќе потрае и дека овој вирус по некое време ќе стане сезонска болест, а дека пренесувањето ќе биде почесто во зимските месеци.
„Предвидувањето дека пандемијата ќе заврши ова лето не е во согласност со она што го знаеме за сега“, рекол Марк, еден од авторите на истражувањето.
„Има уште многу работи што не ги знаеме, како на пример, какво е нивото на отпорност кај оние што веќе го прележале вирусот и колку трае таа заштита“, додава тој.
Врз основа на претходните искуства, по изолацијата и социјалната дистанца, заразата повторно ќе се прошири откако ќе се укинат рестрикциите, но сепак, во значително помала мерка.
Речиси секогаш се случувало тие да се вратат во текот на зимските месеци. Едно е сигурно: вирусот дошол за да остане. Постои мала веројатност дека ќе можете да развиеме колективен имунитет на светско ниво по само еден налет на вирусот. Вирусот ќе се врати.
Од тие причини забрзано се работи на наоѓање лек и вакцини кои ќе нѐ заштитат во тој случај.
Како заклучок на истражувањето, научниците кажале дека целосното ставање под контрола на коронавирусот ќе трае до 2022 година.