Ана Чери е фриленс порно актерка која има вебкам настапи во живо, само и екслузивно со својот партнер со кој е во врска во последните девет години. Таа има диплома од областа на невронауката, а ова е нејзината приказна:
“Родена сум во Советскиот сојуз, а во Америка се преселив во 2001 година, на 13-годишна возраст. Мојата мајка е докторка, а татко ми е биохемичар. Како млада бев вистински сексуален авантурист, но никогаш немав вистински разговор за сексот со моите родители.
Образованието беше многу важно во моето семејство. Имам диплома од психологија која ја добив на универзитетот во Мемфис, а потоа го продолжив образованието во сферата на невронауката. Во тоа време имав цимерка која работеше како модел за порталот “Model Mayhem” и еден ден ми предложи да пробам да заработам дополнителни пари преку тој портал.
Моето момче и јас, со кое сум во врска веќе девет години, во тоа време живеевме со пријатели кои беа многу сексуално слободни и се впуштаа во разни сексуални авантури, па така еднаш им предложивме да имаме секс пред нивните очи. Тоа беше мојата сексуална фантазија која дотогаш со никој не сум ја споделила.
Никогаш не би рекла за себе дека сум егзибиционист, но по тој прв пат кога имав секс пред некој, помислив: “Ох Боже, па тоа е феноменално”. Во тој период сè уште студирав и западнав во некои финансиски потешкотии, а решението дојде само по себе.
“И онака имаме секс цело време, што ако најдеме место каде би можеле да бидеме платени за секс”, се запрашав. Така и почнавме. Покрај заедничките перформанси, изведувам и соло сексуални перформанси, но обожувам кога тој е во истата просторија. Тоа што го правам за мене е многу визуелно, а кога имам некој во собата кого можам да го видам и да гледам како ужива во истите работи е дополнителен поттик за тоа што го правам.
Постојат околу 15 до 20 отсто луѓе кои сакаат одредена работа и затоа специјализирав во играње на улоги. Во поголемиот дел од случаите наидувам на луѓе кои едноставно сакаат да уживам, без разлика што правам. Но, има и такви кои имаат различни барања.
Во просек настапувам три часа дневно во живо, четири дена во неделата. Она што е важно во оваа работа е да им ја дадете својата енергија на луѓето.
Моето семејство знае со што се занимавам. Ѝ кажав на мојата мајка дека се занимавам со тоа уште додека студирав. Имам своја диплома и ако се појави проект во областа на невронауката на кој би сакала да работам – ќе работам на него. Но, дотогаш порно настапите ме забавуваат, одлично заработувам и тоа е работа која ја правам од дома