Исчезна најголемиот еквадорски водопад

Најголемиот еквадорски водопад Сан Рафаел очевидно пресуши откако големиот понор исчезна и „проголта“ голем дел од водата којашто се слева на тоа место.

Водопадот на реката Кока е голема туристичка атракција и досега привлекуваше десетици илјади луѓе годишно. Беше висок 45 метри.

Според снимките на НАСА, од водопадот останале три потока.

Сѐ уште не е јасно дали станува збор за природна појава или за промена на речниот тек предизвикана од изградба на браните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e