„Имам 34 години и сум невин“: Овој маж ја споделил својата мака со светот!

Еден осамен маж искрено раскажал дека на 34 години и понатаму е невин. Како што вели, проблемот е во тоа што жените само сакаат да се дружат со него, бидејќи „крупниот“ маж нема самодоверба.

„Јас сум маж со крупна градба и речиси е невозможно да запознаам жена која со мене сака нешто повеќе од пријателство“, ја започнал својата приказна мажот кој сакал да остане анонимен.

„Неодамна во клуб танцував со една девојка, а откако ми рече дека не е заинтересирана, после само 5 минути видов како се бакнува со друго момче“, продолжил тој.

„Ги почитувам жените, но секогаш излегувам кретен поради нив!“

„Во училиште ме малтретираа и сега воопшто немам самодоверба“, заклучил овој несреќен маж.

Терапевтката Деидра му одговорила:

„Велите дека сте маж со крупна градба: ако мислите на тоа дека сте дебели, можеби најдобро би било, заради самодоверба и здравје, да ослабнете. Појдете во теретана која професионално ќе ви помогне да се промените, а покрај тоа ќе запознаете и некои нови луѓе“, го посоветувала Деидра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e