Идеални љубовни партнери за секој хороскопски знак

Девиците се познати по нивниот перфекционизам, па затоа Биковите се нивните идеални партнери. Љубовната врска меѓу Близнаци и Лав е страстна и уживаат еден во друг. Кои се идеалните партнери на останатите хороскопски знаци?

На Овенот најмногу му одговараат Водолија, Близнаци, Лав и Стрелец

Овен и Лав

Совршено се согласуваат во спалната соба. Во исто време можат да се расправаат и да се бакнуваат, а тоа може да го прават и пред други луѓе. И двајцата се склони кон флерт и изневерување, па треба да внимаваат на ова.

Овен и Стрелец

Доколку се заинтересирани само за секс, ова ќе им биде незаборавна авантура. Но доколку започнат врска, постојано ќе се натпреваруваат еден со друг. Сурово се искрени и не бираат зборови. Сепак на крајот остануваат пријатели.

Овен и Близнаци

Тие имаат сосема различен карактер, но секаде одат заедно. Не се расправаат и нивната врска се темели на почит и љубов.

Овен и Водолија

Не можат еден без друг и се привлекуваат како магнети, но за да функционираат совршено мора да се подготвени за компромис.

На Бикот најмногу му одговараат Рак, Девица, Риби и Јарец

Бик и Рак

Биковите и Раковите се компатибилни што се однесува на љубовниот живот бидејќи им даваат неограничена љубов на Раковите коишто го почитуваат тоа.

Бик и Девица

Девиците се нивните идеални партнери. И двата хороскопски знаци се романтични и ќе уживаат во романтични вечери и долги прошетки во паркот.

Бик и Јарец

Тие се совршени еден за друг. Најважно нешто во животот им е семејството, па заетоа се идеални родители.

Бик и Риби

Бикот е романтичен, а Рибите уживаат во тоа. Им даваат чувство на сигурност и нивната врска резултира со брак.

На Близнаците најмногу им одговараат Лав, Овен, Водолија и Вага

Близнаци и Вага

Уживаат во љубовниот однос кој се темели на поврзаност и меѓусебно надополнување. За кратко време врската им станува стабилна и забавна. Ако работат заедно ќе имаат одлична соработка и интересни идеи.

Близнаци и Водолија

Поврзани се на интелектуално ниво и ги поврзува љубовта кон уметноста, културата…Одлично се согласуваат бидејќи имаат слични потреби и немаат премногу очекувања и барања еден од друг. Никогаш нема да им биде здодевно кога се заедно.

Ракот најдобро се согласува со Скорпија, Риби, Бик и Девица

Рак и Шкорпија

Ова е најидеалниот љубовен пар. Единствено треба да внимавате да не бидете премногу љубоморни.

Рак и Девица

Се надополнуваат еден со друг и постојано си искажуваат љубов. Оваа љубовна врска резултира со брак.

На Лавот му одговараат Овен, Близнаци, Стрелец и Вага

Лав и Стрелец

И двајцата припаѓате на групата огнени знаци, па таква ќе биде и вашата љубов. Ќе имате одличен секс. Единствен проблем во врската меѓу овие два хороскопски знаци се различните желби. Ако мажот е роден во хороскопскиот знак Лав, ќе му пречи што жената Стрелец постојано изглегува со пријателите. Ќе му пречи и тоа што жената Лав сака да доминира. Но со компромис во врската може да ги надминете овие проблеми. Вашиот брак ќе биде исполнет со страст, заеднички патувања, љубов и расправии.

Лав и Вага

Вагата ја смирува потребата на Лавот за луксуз и трошење пари. Овие два знаци имаат баланс во врската. Лавот ги почитува добрите манири на Вагата, но може да ги научи полесно да донесуваат одлуки. Оваа врска е долготрајна, динамична и прекрасна.

На Девиците најмногу им одговараат Бик, Јарец, Шкорпија и Рак.

Вагите најубаво се согласува со Близнаци, Водолија, Стрелец и Лав.

Шкорпиите најубаво се согласуваат со Рак, Риби, Девица и Јарец.

Шкорпија и Девица

Девицата е перфекционист и сака да контролира сè и да ги контролира сите, а тоа го вклучува и партнерот со кој е во врска. Шкорпијата не поднесува некои да ѝ наредува, па можеби ќе имаат проблеми со тоа. Од друга страна, на Шкорпијата ќе ѝ се допадне организираноста, добрината и посветеноста на Девицата и ќе ја засака поради овие нејзини особини.

Стрелецот најдобро се согласува со Лав, Водолија, Овен и Вага

Стрелец и Овен

Оваа врска ќе успее бидејќи на партнерот ќе му се допадне вашиот карактер и енергија. Идеалната комбинација е мажот роден во хороскопскиот знак Овен и жена родена во хороскопскиот знак Стрелец. Не можете да живеете еден без друг, го цените вашето слободно време, а кога сте заедно сте среќни и исполнети. Сексот е одличен бидејќи и двајцата партнери се склони кон експериментирање во спалната соба.

Јарецот најдобро се согласува со Девица, Бик, Скорпија и Риби

Водолијата најдобро се согласува со Вага, Близнаци, Стрелец и Овен

Водолија и Вага

Еден од најубавите љубовни односи. Полн со емоции, креативна енергија и возбуда. Во оваа врска е нагласена хармонијата дури и на нивото на сексуалноста. Ќе уживаат во стабилна врска исполнета со љубов и разбирање.

Рибите најдобро се согласуваат со Скорпија, Рак, Јарец и Бик

Шкорпија и Риби

Оваа љубовна врска е одличен спој на почитување и разбирање. Скорпијата е мистериозна, а оваа нејзина карактеристика нема да му пречи на партнерот роден во знакот Риби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e