Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат критика

Одредени знаци во хороскопот никако не можат да поднесат критика, дури ни кога истата е добронамерна и конструктивна.

Овие знаци во хороскопот најлошо реагираат на критика.

Рак
Најчувствителниот знак во Зодијакот никако не поднесува ако му укажете дека направил нешто како што не треба. Од него може да очекувате ледена тишина или солзи, а можно е и со недели на не сака да разговара со вас. Ракот умее да се затвори во неговиот „оклоп“ и да ги отпише луѓето од кои добил критика, што значајно влијае на неговите односи и врски.

< Девица Секогаш мисли дека е совршена, па дури и најдобронамерната критика за неа е напад. Смета дека нема мани, но ако укажете на некоја, ќе добиете експлозивна реакција. Девиците инаку се мирни и одмерени, а критиката ги претвора во „чудовишта“. Ќе обвинуваат, ќе се караат па ќе се прашате дали ви е дојдено до тоа воопшто да се разберете со неа. Девицата секогаш ќе се постави како да е над вас и ќе ве навредува како знае и умее, бидејќи мисли дека нападот е најдобрата одбрана. Вага Нежната и секогаш расположена Вага многу лично ги доживува работите, особено критиката. Исто како и Ракот, Вагата ќе се затвори во себе по добиени критики и можно е да одбие каква било комуникација. Ова е меч со две острици, бидејќи Вагата мрази конфликти и ќе се обиде да ги избегне, но од друга страна, не мора секој разговор да биде конфликт. Вагата мора сама да пресече и да ви се обрати откако ќе се смират страстите. Немојте да го правите првиот чекор ако се налутила. Стрелец Најлошо што може да му направите на Стрелецот е да пробате да му помогнете. Понекогаш е подобро са го оставите сам да успее или пропадне, бидејќи ако добронамерно се вклучите и укажете што не направил како треба, сериозно ќе се налути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e