Длабоко навлеговме во втората половина на 2021 година, а астролозите открија какви ќе бидат финансиите кога станува збор за хороскопот.
Доколку сте родени во некој од овие три знаци, подгответе се за турбулентен период исполнет со финансиски проблеми и криза.
Еве за кои знаци станува збор:
Риби
Втората половина на 2021 година носи големи предизвици, најмногу ќе имате проблеми поради лажни пријатели кои ви прават сплетки зад грб. Ќе наидете на неочекувани тешкотии во преговори околу нови проекти. Би било мудро да ги чувате во тајност вашите планови и да бидете внимателни со инвестициите.
Соларната еклипса во декември во знакот на Стрелец може да донесе сериозни проблеми на работа и уназадување, но влегувањето на Јупитер во вашиот знак ќе го ублажи тоа.
Периодот ќе биде малку подобар за невработените Риби, ќе имаат прилика во текот на септември да најдат интересно работно место.
Овен
Во втората половина на 2021 година ќе дојде до откажување на одредени договори, а некои важни преговори нема да вродат со плод. Затоа ќе мора да промените дел од плановите. Бидете внимателни со парите и избегнувајте ризични инвестиции, може да се најдете во загуба.
Шкорпија
Ќе наидете на проблеми во односите со соработниците и деловните партнери. Некои работи нема да ги довршите во предвидениот рок. Очекувајте напнати ситуации, несогласувања, прекини на деловни односи и доцнење во исполнувањето на рокот.
Во текот на септември треба да бидете внимателни со парите. Во ноември ќе почнете преговори околу големи проекти кои ќе се одложат. Соларната еклипса во Стрелец во декември ќе доведе до финансиски проблеми.