На Google објавена е Мапа со угостителски објекти во Скопје и во Македонија во кои не се пушат цигари или има непушачки дел (физички одвоен од пушачкиот). Листата не е целосна и може да се надополнува.
Идејата потекна од идеја на Твитер.
„Да ги лоцираме сите локали во градов и во земјава во кои не се пуши, и да ги направиме популарни. Многу од нив веќе се, ама не е лошо да потсетиме зошто се подобри од другите. Нека оди со хаштаг #SmokingFreeZoneInMKD“, стои во повикот на Твитер.
Мапата можете да ја погледнете на следниов линк