Годишно обичниот грип убива 60 пати повеќе луѓе отколку Короната

1. МИТ: Вирусот Корона е најопасниот вирус што постои.
– ФАКТ: Годишно, обичниот грип убива 60 пати повеќе луѓе, отколку Короната.

2. МИТ: Доколку ме дијагностицираат со вирусот Корона, ќе умрам.
– ФАКТ: Од сите заразени случаи, само 2% се починати, а кои истовремено, пак, имаат поврзаност со послаб имунитет на организмот (на пр. повозрасни луѓе).

3. МИТ: За да бидам заштитен, треба да набавам заштитно одело (налик скафандер) и маска N95.
– ФАКТ: Најдобрата заштита е редовното миење раце, како и кивањето (би додал и кашлањето) в ЛАКТ, а не в дланка како ние што сме учени.

4. МИТ: За оваа непогода, сите треба да паничиме и да ја обвинуваме Кина. Исто така, би требало да правиме нечувствителни шеги за и кон меѓународните студенти, или за и кон туристите од Азија.
– ФАКТ: Расизмот и ксенофобијата, а не доказите и практичното искуство, се тие кои ги распламтуваат паниката и хистеријата кои се случуваат. Нема оправдување за да се биде груб кон некој.

5. МИТ: Треба да верувам на сè што читам за вирусот Корона на интернет, затоа што сè е фактографски проверено и е напишано без каква и да е нечија субјективност.
– ФАКТ: Погрешната информација (дезинформацијата) и расизмот се поопасни од кој било вирус. Затоа, наместо идеолошки, барајте текстови кои се базирани на докази и факти и кои не се само од еден извор за информирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e