Во пролетта 2020 година, 46 отсто од француските корисници на интернет имаа пристап до барем една законска понуда за видео-стриминг во нивниот дом, наспроти 36 отсто во 2019 година. Претплатниците на платформите за видео-стриминг трошат во просек нешто повеќе од 15 евра месечно, јави дописникот на МИА.
Ова произлегува од извештајот на аудиовизуелниот совет и Високиот орган за дистрибуција на дела и заштита на правата на интернет
Од пристигнувањето во Франција на Нетфликс во 2014 година, потрошувачката на овие платформи следеше „нагорен тренд“, забрзана со ограничувања и полицискиот час поврзани со здравствената криза „Ковид-19“.
Во пролетта 2020 година, 46 отсто од француските корисници на интернет имаа пристап до барем една законска понуда во нивниот дом (во споредба со 36 отсто во 2019 година), т.е. повеќе од 22 милиони Французи. Бројот на достапни услуги се зголеми од 63 во 2017 година на 78 во 2020 година, со лансирање на Епл ТВ + во ноември 2019 година и Дизни + во април 2020 година.