Францускиот виролог, добитникот на Нобелова награда за физиологија и медицина 2008, за изолирањето на ХИВ вирусот, Лик Монтање, изјави дека вирусот на Ковид-19 нема природно потекло и дека е направен во лабораторија.
– Дојдовме до заклучок дека дошло до манипулација со овој вирус- рече Монтање во интервју за телевизијата „Си Њуз“.
Тој истакна дека „во Ковид-19 се додадени и честички на ХИВ вирус“.
– Вирусот не е од природно потекло, тоа е дело на молекуларен биолог. Не е познато со која цел тоа е направено. Моја работа е да ги изнесам фактите, никого не обвинувам, и не знам кој го направил тоа и зошто. Можно е да сакале да произведат вакцина против ХИВ вирусот, претпоставува нобеловецот.
Во интервју за порталот „Pourquoi docteur”, тој изјави дека „тој вирус излегол од лабораторија во Вухан“.