Претседателот на ЛДП и битолски пратеник, Горан Милевски синоќа се ожени за лекарката Марина Пешевска, од Скопје.
Свадбената церемонија се одржа во ресторанот на “Балукс“ во комплексот “Арена“, а на неа присуствуваше половина влада, челниците на ЛДП и членови на СДСМ, пренесе Bitola News.
Милевски е роден во Битола и има 40 години. Тој е дипломиран економист; магистер по бизнис администрација МБА – Менаџмент.