(ФОТО) Ја освоија титулата, па се сликаа голи со трофејот

Одбојкарките на Имока од Конељано, ја одбранија титулата во италијанската лига, откако во финалната серија од плејофот, идентично како и минатата година, славеа над Новара, но овој пат без загубен меч со 3:0 во победи.

Во третиот дуел од финалето беше драматично, но избраничките на тренерот Даниеле Сантарели успеаја да триумфираат по пет сета (3:2) и со тоа да ја освојат третата титула во историјата.

Интересно е тоа што нивниот капитен, Полјачката Јоана Волош, минатата година успехот го прослави така што се соблече гола пред пехарот. Сега, нејзината идеја ја прифатија и соиграчките, па сите заедно се фотографираа со трофејот. Таа фотка без срам ја споделија на социјалните мрежи. И тоа не беше се. По големата победа, Сантарели пред сите во арената страствено се бакнуваше со една одбојкарка, со која најверојатно е во врска.
dcdfaf

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e