(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Стилот на новата министерка за финансии: Препознатлива насмевка и минималистички комбинации

31-годишната Нина Ангеловска и официјално стана првата жена министер за финансии на нашата земја. Претходно на јавноста ѝ беше позната како основач на Grouper.mk и претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Ако коментираме за стилот на новата министерска за финансии, која е постојано активна на социјалните мрежи, ќе забележиме дека станува збор за сосема едноставна девојка која преферира проверени бои и комбинации.

49609792_10156021877925509_4746383575878729728_n

Нина во многу наврати и на многу настани покажа дека е спортски тип, па со оглед на тоа често може да ја видиме во спортски комбинации, било да се тоа хеланки и маичка или тренерки.

58443244_10156228559275509_6426168070145835008_n
Често со својот партнер патува и истражува нови дестинации, каде рекреативно трчаат или возат велосипеди.
Кога треба да се појави на свечени настани, Ангеловска избира комбинација на кошула, панталони и сако, но неретко знае да облече и некој добро избран фустан или здолниште што прилега на нејзината витка линија.

kkl
Нина е препознатлива по својата голема насмевка. Таа секогаш има минимална шминка, благо накршена руса коса и минимален накит.

50268311_10156021878435509_8705170681970556928_n

69306028_1822758314536343_2353976020505198592_o

Извор: Женски магазин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e