Деновиве мегапопуларна е апликацијата FaceApp со која „се опседнаа“ и славните личности. Имено, апликацијата овозможува да видите како ќе изгледате кога ќе остарете.
И министерот за надворешни работи Никола Димитров не остана рамнодушен на оваа апликација, па одлучи да се пошегува, споредувајќи се со светски познатиот актер Џорџ Клуни, кој многупати беше прогласен за најубав маж.
„И јас си направив слика како ќе изгледам за 20 години.
ПС. Човек треба да сонува де“, напиша во опис на фотографијата Димитров.