Финалето на „Игра на престоли“ го гледале рекордни 19,3 милиони луѓе

Последната епизода на „Игра на престоли“ викендов ја гледале 19,3 милиони луѓе, што е за речиси еден милион повеќе од рекордот поставен минатата недела.

Воедно, ова е и апсолутен рекорд за продукциската куќа ХБО.

Достигнувањето на завчерашната епизода е за 250 отсто поголемо од финалето на првата сезона, којашто имаше гледаност од 774.000 приклучени приемници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e