Постојат докази дека стабилните вибрации на автомобилот на ниски фреквенции, кои се јавуваат во текот на возењето, ја намалуваат будноста на организмот предизвикувајќи поспана состојба дури и помеѓу луѓето кои доволно се одморени.
Кога ќе седнеме во возило, не е ретко да нѝ се случи да “влеземе” во некој вид автоматски пилот, при што нашиот ум потполно лута или е жртва на поспаност. Кога стануваме поискусни во возењето, започнуваме да возиме механички и пофлуидно, без размислување за секој чекор, а со самото тоа доаѓаат и проблеми.
Длабоко во себе, не е вообичаено да останеме окупирани со разни мисли и да сме сосредоточени на работите кои немаат никаква врска со она што се случува пред или околу возилото.
Проблемот настанува кога во текот на возењето ќе се појави непредвиден стимуланс (автомобил кој нè претекнува или кога ќе се појави пешак од зад некој агол) кој бара да го “напуштиме” автопилотот и брзо да реагираме.
Кога го “aвтоматизираме” возењето, тоа нè спречува да користиме многу когнитивни ресурси за возење и постои ризик монотонијата од предолгото автоматско однесување да заврши, генерирајќи чувство на поспаност.
Меѓутоа, постои уште една потенцијална причина за поспаност
Имено, постојат докази дека стабилните вибрации на возилото на ниски фреквенции, кои се јавуваат во текот на возењето ја намалуваат будноста на организмот, предизвикувајќи поспана состојба дури и кај луѓето кои се доволно одморени.
Едно неодамнешно тестирање, спроведено на здрави волонтери во виртуелен стимулатор кој репродуцирал искуство на возење на автопат, покажало дека постои влијание од вибрациите врз поспаноста, будноста и когнитивните перформанси.
Имено, авторите на истражувањето покажале дека, ако на монотоното искуство при возењето додадеме и вибрација со ниска фреквенција (4-7 Hz), чувството на поспаност настанува по само 15 минути и постепено се зголемува. Исто така ослабната е будноста и когнитивната способност.