EkoLife: Како да одберете квалитетни пелети за греење?

Состав на пелетите наспроти тежина. Речиси сите печки на пелети кои се произведуваат како гориво може да ги користат и двата типа на дрвени пелети: пелети од тврдо дрво или hardwood и пелети од меко дрво softwood.

Processed with VSCO with 7 preset
Повеќето луѓе сметаат дека пелетите од тврдо пресуваните дрва се далеку подобри, што не е вистина, кога се работи за пелети. Првото и најважно нешто што треба да се запомни е дека Вие купувате пелети на тежина, а не по нивниот волумен. Тврдо пресуваните пелети тежат од 2 до три пати повеќе, во споредба со лесно пресуваните пелети. Како и да е еден тон тврдо пресувани пелети е исто што и еден тон лесно пресувани пелети. Многу поважно е каков е составот на пелетите отколку типот на дрво од кое се изработени. Најдобро е при изборот да се одбере произведувач/продавач кој гарантира дека производот е чист и сиров, произведен по ENplus стандард кој гарантира квалитет, со што ќе бидете сигурни дека ќе добиете вистински квалитетен производ – пелети. Производителот поседува сертификат за квалитет во кој се наведени најважните карактеристики на пелетите, остаток на пепел, влага, калорична моќ, густина.

DSC_0042

Од какво дрво се произведени. Пелетите од меко дрво (бор, смрека, чемпрес) генерално имаат поголема калорична моќ, создаваат повеќе топлина и се подолготрајни, и оставаат помало количество на пепел. Односно, пелетите од меко дрво полесно постигнуваат повисока температура и согоруваат повеќе и почисто.

DSC_0188

Мирис на пелетите. Најлесниот начин да се провери квалитетот на пелетот е да се помириса. Едноставно наполнете ја дланката со пелет и помирисајте го. Она што треба да го помирисате е пријатен мирис на чисто дрво. Доколку забележите други чудни мириси, бидете сигурни дека во составот на тој пелет освен дрво има и други примеси.
Бидете Внимателни! Поголемиот дел од производители и продавачи на пелет продаваат пелети во чиј состав има хартија, лепак, мастило итн, при тоа нивната цена е пониска за разлика од другите производители. Вака изработените пелети имаат карактеристичен мирис.

EkoLife пелетите се произведуваат од 100% дрво, мешавина од иглолисни дрва  и бука што претставува одличен сооднос за постигнување на висока калоричност. EkoLife пелетите се А1 класа, со ENplus сертификат за квалитет. Прочитајте повеќе за EkoLife пелетите на: https://ekolife.mk/proizvodi/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e