Ако сакате да имате убави, здрави растенија, а имате проблем со нивната сјајност, пробајте го овој трик со мајонез.
Трикот за сјај на растенијата го користат цвеќарите со цел да ја нагласат убавината на растението и сите негови нијанси, а може да ви помогне и за вашите домашни растенија.
Една од грешките кои многумина ја прават е тоа што мислат дека собните растенија се предмети за уредување на домот, ги поставуваат и целосно забораваат на нив или повремено ги полеваат со вода. Проблемот е во тоа што многумина често забораваат да ги одржуваат домашните цвеќиња, а потоа се разочаруваат бидејќи немаат сјај.
Пред сѐ, на секои две седмици мора да ги бришете лисјата. Земете влажна крпа, малку сапуница и нежно избришете ги долната и горната страна на секој лист. Продолжете со друга влажна крпа за да го отстраните сапунот.
Доколку сакате да бидат сјајни, тогаш трикот со мајонез е решение за вас. Овој трик посебно има ефект кај растенијата со широки лисја.
Ставете малку мајонез на чиста крпа и пребришете ги лисјата. Не само што ќе имате преубави, сјајни растенија, туку мајонезот ќе ја отстрани и насобраната прашина.