Во интервјуто кое му го дал на Хауард Стерн, кратко пред смртта на принцезата Дајана, Доналд Трамп се фалел дека можел да ја однесе во кревет.
Откако Стерн го прашал зошто луѓето мислат дека е егоистичен, Трамп одговорил дека „може да биде со Лејди Ди“.
„Си можел да спиеш со неа?“, прашал Стерн, а Трамп му одговорил: „Мислам дека би можел.“
„Таа всушност беше многу убава. Мисев дека изгледа како супермодел. Понекогаш не изгледаше многу добро, но понекогаш изгледаше подобро од било која друга на светот“, рекол Трамп.
Исто така, наводно шегувајќи се со Стерн, коментирал дека Дајана пред однос со него морала да направи ХИВ тест.
„Ќе ѝ речев да влезе во мојот автомобил, за да помине низ мал преглед“, рекол тој.
Ова интервју било објавено во 1997-ма година, само неколку месеци пред смртта на Дајана.
И после неговата смрт, според пишувањата на „Mirror“, коментирал дека таа „доколку сè уште е жива, би била со него, а не со Фајед“.
Во својата книга, „The Art of Comeback“, објавена после смртта на Дајана, напишал: „Во љубовниот живот жалам само за едно – што не бев со принцезата Дајана“.
Пријателката на Дајана, Селина Скот, открила дека тие чувства не биле взаеми и дека „Дајана се ежела од него“.
„Ја бомбардираше со големи букети цвеќиња. Тоа почна да ја загрижува“, тврди Селина.
Инаку, Трамп за време на посетата на Велика Британија во јуни ова година, треба да се сретне со синовите на Дајана, Хари и Вилијам.
Британците во пресрет на овој настан исто така се присетиле дека Трамп своевремено ја коментирал и војвотката Кејт.
Кога во 2012-та година весниците објавиле фотографија на која Кејт се сонча топлес, Гардијан пренесува дека Трамп рекол: „Кејт Мидлтон е супер, но не требало да се сонча топлес, сама е виновна. Кој не би сакал да има фотографија од Кејт и на неа да заработи куп пари ако се разголела покрај базен. Кејт, те молам.“