Дневен хороскоп за 13.февруари 2020 година

ОВЕН 21.3–19.4

Не е важно што мислат луѓето за вас, важно е што мислите вие за себе. Најдете начин како да си ја подобрите самодовербата пред да се упатите на работа, на училиште или на кафе со пријателите. Морате да се почитувате себеси за да го прават тоа и другите.

Колку порано ќе се збогувате со токсичните лица од вашиот живот, толку подобро. Оддалечете се од сите што прават да мислите дека не вредите.

БИК 20.4–20.5

Вашиот сакан денес ќе ви стане најгласен навивач, најголем обожавател и најцврста поддршка. Ако во кој било момент се сомневате во вашите способности, разговарајте со него. Не ги негирајте неговите комплименти, бидете благодарни што ги слушате.

Не, не се сите луѓе исти. Ако сте сингл и некој ве повредил во минатото, не си мислете дека никогаш нема да најдете вистинска љубов. Таа е многу поблиску отколку што претпоставувате.

БЛИЗНАЦИ 21.5–20.6

Не трошете залудно зборови за да спасите личност која не сака да биде спасена. Денес ќе забележите дека некој постојано смислува изговори за да продолжи со старите навики, додека вие давате сè од себе да го промените тоа. Можеби е време да престанете!

Инспирирајте ги луѓето преку личен пример, но не ги притискајте да бидат како вас. Тоа не дава добри резултати.

РАК 21.6–22.7

Обидете се да внесете повеќе физичка активност во вашиот живот, особено ако минувате голем дел од денот во седечка положба. Не ја потценувајте важноста на здравиот начин на живот. Работете на зголемување на вашата енергија.

Некои ракови ќе одат во екстремности на тема здравје. Не се изненадувајте ако одеднаш започнат да ве интересираат медицински поими или нутриционизмот.

ЛАВ 23.7–22.8

Вие сте бестрашна личност која вообичаено не се плаши од промените, но денес ќе обожавате да танцувате во вашата најудобна зона. Придржувајте се кон рутините за промена и не правете нешто што може да ве направи несигурни.

Моќна жена ќе ви помогне да си ја подобрите самопочитта во клучен момент. Учете лекции од успешните.

ДЕВИЦА 23.8–22.9

Не можете да му се спротивставите на срцето, па подобро е денес да го следите. Ако некој ви се допаѓа, покажете му го тоа. Ако сте тажни, исплачете се пред доверлива личност. Ако сте среќни, скокнете од радост за сите да ве видат.

Не избрзувајте со заклучоци кога ќе запознаете нова личност во текот на денот. Изгледот нема да ја раскажува целата приказна.

ВАГА 23.9–22.10

Вие нема да бидете дел од оние личности кои ги осудуваат различните, кои мислат дека знаат сè и дека прават сè правилно. Огромната емпатија ќе ви помага да сочувствувате со сите и да гледате низ нивните очи на случувања. Ќе имате огромно разбирање.

Тоа ќе ви помогне да си ги подобрите односите со личност со која често влегувавте во конфликти во изминатиот период.

ШКОРПИЈА 23.10–21.11

Скромноста ќе биде карактеристиката која како магнет ќе ги влече луѓето кон вас. Ќе имате нешто што секој го посакува, но ретко кој го поседува, и тоа ќе ве прави уникатни. Не го губете тоа за да бидете како некој друг.

Паѓањето на ноќта ќе ви ја зголеми жедта за знаење. Прочитајте нешто на омилената тема.

СТРЕЛЕЦ 22.11–21.12

Вашата љубовна врска полека, но сигурно, навлегува во нова територија. Иако тоа по малку ќе ве плаши, многу повеќе ќе ве усреќува. Одеднаш, иднината нема да ви биде толку страшна како што ви беше вчера.

Соло сте? Шансите да се заљубите во некој сличен на вас се огромни. Понекогаш и сличностите се привлекуваат.

ЈАРЕЦ 22.12–19.1

Кој вели дека работата мора да биде монотона само затоа што се повторува секој ден? Денес вие ќе бидете пример за спротивното. Ќе ја искористите креативноста за да експериментирате со нови методи, ќе внесувате забава во обврските и ќе истражувате нови области на работење.

Никогаш не се задоволувајте со она што сте го постигнале. Секогаш можете повеќе!

ВОДОЛИЈА 20.1–18.2

Софистицираноста ќе биде карактеристична за вас во секој поглед – од изглед, до став, до изразување. Сепак, тоа не значи дека треба да ги игнорирате оние кои изгледаат и се однесуваат „обично“. Душата е најважна.

Не дозволувајте да изгубите сакана личност за да ја сфатите нејзината вредност. Грижете се за оние кои ви значат.

РИБИ 19.2–20.3

Ништо нема да ве иритира повеќе од личностите кои се обидуваат да се прикажат во лажно светло – во реалноста и на социјалните мрежи. Ќе умеете лесно да препознаете камуфлажа и нема да молчите кога ќе ја видите.

Не се плашете да се спротивставите на она што го сметате за погрешно. Негувајте ги вистинските вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e