Oвен
Работа: Во март ќе бидете конфузни, неодлучни, ќе ја губите целта и ќе заборавите кон што тежнеете. До половината од месецот време е за мирување, одморање и свртување кон себе, преиспитување на личните вредности и поврзување на она што ви се случува со причината за случувањето. До овој период можете да ги наполните батериите или да ја изгубите енергијата залудно обидувајќи се да го направите неможното. По 15-ти март ќе можете да се изразите на ваш својствен и природен начин. Ова е одличен период за медицинските работници, психолозите, уметниците, драматурзите, сценографите и оние што се занимаваат со естетика, како и за оние што се занимаваат со нелегални и тајни работи. Од половината на март ви се враќа самодовербата и неочекувано се менува насоката на делување. Можно е ненадејно патување.
Љубов: Некои од припадниците на овој знак ќе се чувствуваат осамено и некорисно, а тоа им паѓа најтешко. Другите пак ќе бидат во ситуација да прифатат тајна врска или да се вљубат во личност која на некој начин е недостижна и далечна. Во најдобар случај може да се случи бајка и крајно романтична љубовна приказна, додека во најлош случај, можни се порази и загуби, влегување во невидливи мрежи на психичка нестабилност и комплицирани ситуации во кои сте заробени во лавиринтот. Ако сте во врска или во брак, посветете му се исклучиво на партнерот и на односот со него, особено ако сакате да го зголемите семејството. Втората половина од март ќе ви ја донесе долго очекуваната промена.
Здравје: Избегнувајте алкохол.
Бик
Работа: Во март ќе ја имате поддршката од колегите или луѓето на работното место. Добро ќе соработувате, а самата атмосфера е многу поопуштена отколку во февруари. Односите со јавноста и деловните партнери се складни, па сѐ што посакувате ќе се реализира без пречки. Сега е време да поставите цели и да започнете со нивна реализација. Можно е мрзливоста да ви биде проблем во остварување на целите. Невработените имаат шанса да добијат корисна информација преку пријатели или да разработат идеа за приватен бизнис.
Љубов: Последните денови на февруари ви донесоа проблеми на љубовното поле, но сега можете да ги решите ако го прифатите извинувањето или настојувањето на партнерот да ја разјасни ситуацијата. Вам ви се чини дека личноста која ви значи предизвикува, провоцира или освојува некој друг, но вие сте таинствени и непристапни. Некои од вас ќе посакаат да бидат сами, други ќе го посакаат забранетото во потрага по идеалното.
Здравје: Обрнете внимание на исхраната. Обидете се да поминувате повеќе време на чист воздух и движете се колку е можно повеќе.
Близнаци
Работа: Март е динамичен период во кој пред вас ќе бидат поставени голем број барања. Со оглед на поставеноста на планетите ќе имате потреба малку да здивнете, но малку е веројатно дека за тоа ќе имате време. Ќе бидете многу напнати и под тензија, затоа избегнувајте судири на работното место. Амбициозните колеги ќе ви одат на нерви па можно е да дојде до остри реакции и мешање на авторитетите. Постои тенденција на озборувања и работа зад грб што ќе делува лошо особено за угледот на колегите. Исто така избегнувајте да се мешате во работи кои не ве засегаат директно.
Љубов: Март е напорен месец, па за љубовта ќе има малку место. Ќе имате склоност кон жртвување во врските, но и тајна љубов и платонски односи. Близнаците кои се во стабилни врски ќе имаат прилика да засноваат семејство. Личноста која ја сакате можеби е чувствителна, срамежлива, тивка или ненаметлива. Обидете се да не делувате нападно и без тактика. Некои други ќе имаат впечаток дека саканата личност нешто крие, што ќе излезе дека е вистина. Ќе треба малку повеќе да се контролирате.
Здравје: Здравствената состојба е стабилна, но немојте ова да го земате здраво за готово. Мора повторно да исфрлите некои лоши навики кои повторно станале составен дел од вашиот живот.
Рак
Работа: За повеќето Ракови ова е среќен период. Може да дојдете во центар на некои случувања, поволни за вас. Сега ја имате помошта од планетите да се изразите или да дојдете до она што извесно време го очекувате. Креативните потенцијали се понагласени од вообичаено, така да без разлика на тоа која ви е професијата, имате можност да напредувате и да се поставите на повисоко ниво во својата професија. Ова ќе даде квалитет на вашата работа, а со самото тоа и можност да напредувате. Имате силно чувство за организација и доволно самодоверба да ги спроведете целите кои сега ќе ги поставите.
Љубов: Сега сте свесни за влијанието кое го имате на партнерот, па ќе покажете иницијатива во однос на некоја ситуација или ќе бидете двигател на некои случувања. Личноста која ја сакате е преокупирана со грижи или е во позиција во која ќе ѝ треба помош. Добро би било да ѝ помогнете, така ќе дојде до созревање на вашите односи. Повеќето припадници на знакот ќе имаат прилика повторно да воспостават контакт со личност од минатото (од младоста) иако тоа ќе биде најверојатно преку социјалните мрежи и ќе биде врска на далечина. Осамените припадници на знакот и понатаму може да го задржат овој статус.
Здравје: Можни се болки во грбот, но и инфекција на очите. Не сте сигурни која е причината за проблемот со очите. Прво претпоставувате дека станува збор за алергија, но симптомите сѐ уште се присутни, па најдобро ќе биде да се посоветувате со лекар.
Лав
Работа: До 22-ри март мора да бидете трпеливи и да се приспособите на условите за работа или на одредена ситуација. Немојте да брзате со донесување на важни одлуки и немојте да влегувате во работи кои нема да ви донесат многу корист. Во март се можни многу грешки, илузии или измами. Сепак ќе има инспирација, визија и добри резултати во работата која бара истражување или креативност. Ако сте ангажирани на некој стар и сериозен проект, сега ќе ги собирате плодовите на напорот кој сте го вложиле. Ако пак сега нешто почнувате, а тоа бара финансиско вложување, тогаш преиспитајте ги околностите под кои вложувате и истражете го пазарот. Може да се случи во овој момент да вложувате во нешто што е неиспитано, па извесно е резултатот да биде загуба.
Љубов: Одликите на овој период се заведување, тајни врски и силна љубов како и можни вонбрачни деца. Ако се во прашање машки припадници на знакот, постои можност на изложеност на посесивна партнерка и можни љубоморни сцени. А ако случајно се најдат во дупла врска, двете партнерки сега ќе страдаат и љубовницата и легалната.
Здравје: Здравствената ситуација не ви е на најдобро ниво, но вие сте задоволни. Не чувствувате болки и имате енергија, а тоа ви е најважно. Кон крајот од месецот можна е појава на умор и некои нови симптоми на премор. Ако потраат, советувајте се со лекар.
Девица
Работа: Големите деловни амбиции ве водат во ситуација во која сте подготвени да прифатите долгорочни проекти кои веќе сте ги имале во план, но од некоја причина сте ги одложувале или сте ги оставале за утре. Сега веќе немате каде, сега е утре и време е да се заврши сѐ што е останато незавршено. Некои припадници на знакот ќе преземат акции кои ни самите нема да ги сфатат, а камили другите. Она што на почетокот ви изгледа сигурно, може да добие неочекуван тек, па затоа проверете ги сите информации кои доаѓаат до вас, а вие самите преиспитајте си ги можностите. Можеби ќе прифатите повеќе отколку што можете да сработите или ќе ви биде ветено повеќе отколку што реално се очекува.
Љубов: Долгите врски може да резултираат со принова брак. Многумина ќе мора да се приспособат кон одредена ситуација за да ги остварат своите цели. Ако семејството се меша во вашите лични работи, сега имате доволно сила да ги ставите на свое место на многу суптилен и директен начин. Оние кои тоа нема да можат да го направат, ќе треба да внимаваат и да почекаат некои работи да поминат. Некои личности од минатото ќе чукнат на вашата врата па ќе мора да го завршите она што не сте го завршиле, а сте мислеле дека е готово.
Здравје: Можни се погрешни дијагнози како и погрешни заклучоци. Ќе мора да посетите стоматолог иако и самите знаете дека тоа нема да биде пријатно.
Вага
Работа: Ова е месец во кој ќе се посветите на секојдневните обврски со повеќе одговорност. Ќе бидете мотивирани со подобрувањето на финансиската ситуација што ќе придонесе кон чувството на сигурност. Ви расте самодовербата, но со тоа јакне и можноста за грешки и превид. Атмосферата на работното место е динамична и напорна, но тоа нема да ви пречи затоа што одредени работи поминале во рутина. Ова е поволен период за уметниците, медицинските работници, фармацевтите и туристичките работници. Речиси сите треба да внимаваат во подрачјето на комуникацијата, писмената и усната кореспонденција. Во март најлошо влијание има во областа поврзана со транспорт, сообраќај и трговија. Бидете подготвени на враќање на роба и на рекламации. Немојте да се потпирате на колегите.
Љубов: Долгите врски се на пресвртница. Ќе мора да прифатите одговорност во врската. Можеби ќе се смени внатрешниот став кон партнерот. Навидум работите се идеални и тежнеат да се одвиваат на задоволителен начин. На крајот од месецот ќе излезе дека во љубовта сепак сте требале да направите отстапки и да се приспособувате кон нешто. Ако сте слободни, ве очекуваат судбоносни случувања. Познанствата кои сега ќе се случат се со кармичка природа, а во врска може многу лесно да влезете и без многу одложување.
Здравје: Во овој период треба да биде нагласена грижата за здравјето и изгледот. Можни се одредени здравствени проблеми, но и тенденција кон хипохондрија. Затоа проверете се повеќепати.
Скорпија
Работа: Во март ќе бидете комуникативни, дружељубиви и поотворени. Вашиот потенцијал е на максимум, па ангажирајте се околу сѐ што порано не ви одело од рака, сега многу работи ќе се свртат во ваша корист. Покрај тоа ќе зрачите со внатрешен мир и хармонија. Ако сте без работа, сега ќе ја најдете на брз и едноставен начин, а ако работите, нервозата што ја чувствувате во последно време поради секојдневните обврски ќе се намали, а работата ќе ја завршите лесно и без многу напор. Проблемите може да се создадат поради опуштеност и мрзливост затоа што многу работи ќе се одвиваат без пречки, па вашата активност ќе биде сведена на минимум. Поради ова, кон крајот од месецот ќе видите дека сте пропуштиле нешто поради што сега ќе треба да се приспособувате. Сконцентрирајте се ако мора нешто да потпишувате или со нешто да тргувате.
Љубов: Скорпиите кои се во стабилна врска може да планираат промена на статусот. Март е период на љубовта, забавата и креативноста, но и на децата. Може да се претпостави причината за стапување во брак, а сега тоа може да биде бременост. Младите Скорпии не се подготвени за одговорност поради што треба да се поведе сметка околу контрацепцијата. Оние што имаат повеќе од 28 години сега имаат прилика да го средат својот живот на соодветен начин, пред вас е поволен период. Ако сте слободни, време е да излезете во театар, кино, да отидете на концерт… Во текот на март немојте да бидете мрзливи. Ако сте уморни, рационално користете го времето. Дозволете си мал одмор, но во вечерните часови не треба да седите дома сами.
Здравје: Здравјето ќе го одржувате така што постојано ќе бидете во движење, секојдневно ќе бидете физички активни и здраво ќе се храните. Ќе ви годат прошетки на чист воздух и излети во природа.
Стрелец
Работа: За повеќето Стрелци ова ќе биде стресен период поради неколку прилики. Можно е да бидете пречувствителни, непрактични или едноставно заборавни поради што тешко ќе ви падне чија било критика. Најдобро ќе поминат оние што работат самостојно или имаат веќе разработен приватен бизнис. Ако работите за некого, тогаш бидете внимателни, во овој период можни се грешки повеќе од вообичаено. Вие веќе подолго време сте исцрпени па затоа станувате нефлексибилни, лути и невнимателни. Ако е можно, земете мал одмор и посветете се себеси, а ако не е можно, тогаш обидете се да не реагирате на она што секако ќе помине.
Љубов: Сега сте напнати и нетолерантни. Ако сте во брак, партнерот е склон да ве иритира или да ве предизвикува на многу суптилен и индиректен начин што ќе доведува до емоционален излив. Незадоволството со моменталната ситуација носи тенденција да подлегнете на некои искушенија дополнително а си го искомплицирате животот. Ако пак се сомневате во партнерот, тогаш нема да се двоумите да преземете сѐ што е потребно за да се разјасни ситуацијата. Во март е добро време да ги менувате мерилата на вредности и да се раководите со искуството кое веќе сте го имале.
Здравје: Склони сте да акумулирате негативни емоции или да ги потиснувате чувствата што доведува до нарушување на физиологијата. Имате чести проблеми со слухот и ќе мора поскоро да се јавите кај специјалист за проблемите да не станат посериозни.
Јарец
Работа: Март е прилично поволен период за вработување, особено ако нешто долго сте чекале или некаде се враќате. Во март ќе имате сила и храброст да се впуштите во нешто за што не сте баш подготвени. Планетите ви даваат поддршка, моќ на расудување, вештина во изразувањето, склоност кон дипломатија, шарм и љубезност. Најдобро ќе поминат оние што се занимаваат со уметност, презентации, реклами или давање на некој вид информации. Сега не можете ништо да планирате затоа што сте подложни кон неочекувани пресврти, па ви преостанува единствено да се занимавате со она што е сега можно и што е пред вас. Сѐ потешко ги завршувате работите на работното место, па и оние кои не се многу тешки.
Љубов: Во март ќе имате мноштво контакти и шанси за вљубување. Ако сте сами, ова е поволен период да сретнете некого кој ќе ви возврати на соодветен начин. Ако сте пак зафатени, овој период ќе ви донесе искушение да го пробате она што сега ви се чини привлечно. Ако постојат нереални очекувања, лесно може да се случи да го изгубите она што сте го изградиле и поставиле на стабилни основи, а тоа вам ви е сепак најважно. Јарците кои се во брак треба да внимаваат што зборуваат затоа што зборовите кои сега ќе бидат кажани може да се свртат против вас. Она што сега го говорите не доаѓа од разумот, туку од емоциите, а тука сте најранливи.
Здравје: Март е релативно добар период во поглед на здравјето. Малку ве болат рацете и рамената, постојано сте на компјутер и ги напрегате мускулите, па често ви се кочи и вратот, а затоа пожелно е да правите вежби и да го смените седечкиот начин на живот. Добро би ви дошла масажа.
Водолија
Работа: Во март ви се отвораат некои стари можности на полето на кариерата и успехот. Ова е време кога можете да создадете основа за добра имотна состојба, но не треба премногу да ризикувате. Недостигот на реалност и рамнотежа доведува до загуба. Некои ситуации ќе ве заведат, па ќе дојде до претерување кое ќе биде причина за проблеми. Поради некои причина вие сте вознемирени, па тешко ви успева да се опуштите и да одморите што ќе делува на секојдневните активности, а и работата ќе трпи. Најважно е во овој период да бидете доверливи и чесни во своето делување. Тоа е начин на создадете солидна основа, а при тоа да не им подлегнете на искушенијата. Немојте да изнесувате информации пред непознати или несигурни личности кои тоа ќе го употребат против вас.
Љубов: На полето на љубовта доаѓа до одредени претерувања, но може да дојде и до неостварени или изневерени очекувања. Можно е некој да има лажна надеж или вие да давате таква надеж од истата причина. Исто така можно е да имате превисоки критериуми во врска со љубовниот живот. Може да се каже дека сега е неопходна скромноста, но вам тоа ништо не ви значи или не сакате да слушате за скромност. Секој вид претерување, екстраваганција или некоректност на крајот водат до разочарување и морални дилеми. Оние што се во врска ќе бидат склони кон авантури и флерт или ќе бидат изложени на ситуации во кои мора да истрпат некоректно однесување на партнерот. Ако сте сами, тогаш вашите очекувања се огромни, но личноста која ве интересира сега за сега не може да ги исполни вашите очекувања.
Здравје: Напнати сте и нервозни, а стресот ви создава проблеми кои упорно ги игнорирате во надеж дека сѐ ќе помине кога ќе ги решите проблемите од другите подрачја на животот.
Риби
Работа: Во март ќе ги преиспитувате вашите планови, амбиции и систематичност. Поставеноста на планетите ве наведува кон издржливост и внимателност. Од друга страна, претерувањето, мрзливоста ќе донесат проблеми. Наклонети ви се среќните околности, но тогаш против вас се врти вашата амбиција и нетрпение. Иако ќе ви недостасува концентрација, потрудете се да не ги вршите работите површно, така е поголема можноста да се згреши. Ако не работите, овој месец ќе биде полн со ветувања, желби и очекувања. Ако работите, оптимизмот може да ве доведе до разочарување.
Љубов: Во март ќе бидете привлечни и шармантни, па согласно тоа и мета на скриени погледи и воздишки од спротивниот пол. Ова секако ќе биде предизвик. Може да ви се чини дека туѓото е подобро, поубаво и поголемо. Ако сте слободни, препуштете ѝ се на радоста, љубовта и занесот затоа што поголемиот дел од вашите амбиции сега е насочен кон односите со јавноста и публиката. Ако сте склони кон претерување или сте немарни, ќе бидете емотивно напнати. Вашите желби сега се големи, па може да се случи да немате контрола над своите чувства. Оние што се во подолги врски треба да се обидат да го сочуваат тоа што е изградено на стабилни основи затоа што постои можност да биде разнишано со краткотрајни афери и флертови.
Здравје: Можни се проблеми поради некој вид претерување како што е неконтролирана потреба за храна или други облици на уживања.