Стрелец 23.11.-21.12.
Љубов
Ќе ви се чини како работите да ви се лизгаат од раце, но не се грижете. Има многу други добри работи околу вас.
Кариера
Трпеливо ќе ги очекувате почетните резултати од една работа. Ќе има причина за насмевки.
Здравје и совет
Не може се да биде совршено.
Јарец 22.12.-20.1.
Љубов
Малку ќе се смирите и ќе ги намалите љубовните очекувања. Тоа ќе биде чекор напред кон зрелоста.
Кариера
Денеска ќе работите без никаков притисок, опуштено и со желба. Работите ќе се нижат самите од себе.
Здравје и совет
Следете го ритамот на денот.
Водолија 21.1.-19.2.
Љубов
Вашата поврзаност со друштво или пријатели и денеска ќе биде нагласена. Саканата личност ќе има разбирање за тоа.
Кариера
За некои свои соработници ќе бидете добар советник. Ќе знаете да им покажете како да работат побрзо, поефикасно и попрецизно.
Здравје и совет
Наспијте се.
Риби 20.2.- 20.3.
Љубов
Вашиот личен живот се развива добро, а вие сте среќни. Нема пречки да го постигнете она што го сакате. Оние кои се сами имаат самодоверба за додворување.
Кариера
Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни за своите достигнувања. Со таква мисла ќе работите без проблем.
Здравје и совет
Вие сте во експанзија.
Овен 21.3-20.4.
Љубов
Одлично ќе се снаоѓате во личните односи, зашто фантазијата и интелектот ќе ви бидат сојузници. Само мерете ги зборовите.
Кариера
Некој од далеку би можел да ви пружи рака за соработка или ќе предложи продолжување на старата деловна врска.
Здравје и совет
Разгледајте ги внимателно сите опции.
Бик 21.4- 20.5.
Љубов
Од идеја до реализација има долг пат, а денеска малку ќе скршнете од светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред вас таква каква што е.
Кариера
Веројатно некој од вашите надредени денеска ќе се посрамоти поради непрофесионалност и тоа ќе биде озборување на денот.
Здравје и совет
Издвојте го важното од купот небитни работи.
Близнаци 21.5.-21.6.
Љубов
Вас како ништо да не може да ве запре во забавите. Сепак, дел од денот ќе мора да му го посветите на семејството.
Кариера
Работата денеска ќе се одвиува вообичаено, а вам ќе ви биде помалку здодевно.
Здравје и совет
Бидете она што сте.
Рак 22.6-22.7.
Љубов
Ќе си дозволите малку повеќе уживање и ќе се препуштите на спонтаноста. Тоа ќе ја унапреди вашата врска.
Кариера
Во деловната кореспонденција ќе се покажете како многу подготвена личност , која знае пластично да ги објасни своите очекувања.
Здравје и совет
Поврзете се со луѓето.
Лав 23.7-22.8.
Љубов
Вашата сакана личност денеска ќе ,,ви јаде од рака”. Ќе биде чувствителна и ќе бара ваша заштита и нежност.
Кариера
Ќе ви недостига тактичност и трпение за некои ваши соработници , кои не се снашле најдобро. Најдете време и за нив.
Здравје и совет
Ви треба повеќе сон.
Девица 23.8.-23.9.
Љубов
Освен што и натаму добро се забавувате, денеска ќе се потрудите да се надминете. внимавајте до каде смеете да одите.
Кариера
Ќе се послужите со многу креативна идеја , за да решите еден мал деловен проблем.
Здравје и совет
Немојте да се опијаните.
Вага 24.9.-23.10
Љубов
Малку остана што би можело денеска да ве орасположи во емотивна смисла. Издржете уште еден здодевен ден.
Кариера
Ќе има многу приказни и озборувања , а вие бидете паметни и не им придавајте на значење.Имате многу работа.
Здравје и совет
Прошетајте се на свеж воздух.
Шкорпија 24.10-22.11.
Љубов
Ќе успеете се да свртите на шега или ќе излезете на добра забава.Односите и натаму ќе бидат површни.
Кариера
Денеска или ќе тргнете на помало службено патување или ќе ве назначат да воведете млади соработници во работата.
Здравје и совет
Бидете јасни.