ОВЕН
До 20 март нештата ќе бидат или скриени од вас, или ќе ги дознавате преку пријатели и преку посредници. Во фокусот на настаните ќе ви бидат други луѓе. Повеќе варијанти се во игра, но во секој случај повторно ќе се активирате во некоја група или групна активност. За љубов добар период се деновите околу 19 март, кога ви претстои и некоја непланирана, ненадејна средба. Можно е некоја поранешна драга особа да ви се врати во животот, или само да ве потсети на минатото. Кон крајот на месецот – ќе откриете или ќе обелодените нешто.
БИК
Пријателски, раздвижено, работно и љубовно – пролетните денови ќе ги дочекате со бројни активности и обврски. Можно е некоја драга особа да ве посети на работа, или вие некого на неговото работно место. Месецов ви претстои барем една средба која ќе ви ја размрда фантазијата. Со повеќето кои ќе ги среќавате, ќе бидете пријателски настроени, или ќе ги држите на дистанца. На финансиски план, ќе биде добро околу 27 март кога ќе успеете да наплатите некоја поголема сума.
БЛИЗНАЦИ
Плановите полека се вообличуваат во активност. Добар период е за учење, ако ви е во план, бидејќи умот ќе ви биде ангажиран во помнење на информации. И да не учите, сепак ќе бидете ментално активни. Во љубовта, потребно е да смените некои ваши идеи и ставови во однос на врските, љубовта и бракот. Во спротивно, ќе се најдете во судир самите со себе или со партнерот/партнерката. Од 20 март па натаму, ве очекува поголема сума на пари, повеќе од еднаш.
РАК
Она што стоеше уште од ноември 2018 година, во текот на овој месец ќе се помести од мртва точка. Очекувајте разврска на недоразбирањето, а настаните ќе почнат да се одвиваат во правец кој вие го посакувате. Екстра пари ви доаѓаат или вие ги давате во деновите околу 19 и 27 март. Во љубовта – некаква стабилизација ве очекува во љубовните односи после 14 март.
ЛАВ
Вие сте секогаш подготвени за заведување, но овој прв пролетен месец ќе ви го изостри сетилото за уживање: навистина ќе уживате во друштво на спротивниот пол. Посебно после 20 март, речиси нема да се свртите дома. Ако немате реални обврски да бидете надвор, сами ќе си ги измислите. А кога сме кај домот, овој месец ќе треба да вложите пари во поправка, во разубавување на домашниот амбиент или едноставно ќе купите некој поскап предмет.
ДЕВИЦА
Фокусот на мислите ќе ви се префрла од партнерот на работата, од работата на парите и повторно на партнерот/партнерката. Ќе имате ангажмани, а ќе има и пари овој месец. Посебно екстра пари за трошење ќе имате кон средината и кон крајот на месецов. Овој месец ќе ви донесе појасно согледување на ситуацијата во која сте, посебно во врска со љубовта.
ВАГА
Овој месец за вас ќе биде забавен, што и да значи тоа за вас. Ќе ви бидат забавни и секојдневните обврски и тие на работа, како и обврските дома. Или пак ќе ги завршувате со уживање, како никогаш досега. Првите денови од месецот може да имате помалку енергија, но нема долго да трае. На деловен план конечно ќе тргне она што стоеше со месеци.
ШКОРПИЈА
Во првата половина од месец март ќе бидете мрзеливи и исполнети со мисли за љубов. Ќе имате можност да започнете врска која ќе трае, а тие што се во врска ќе имаат стабилизација во односот. Во втората половина од месецот, ќе се фрлите на ангажмани кои сте ги оставиле да стојат и да чекаат подолго време.
СТРЕЛЕЦ
Парите и како да се стигне до нив ќе биде главна тема за вас. Засилена комуникација, одење, доаѓање, враќање некаде, разговори, мејлови, сè на сè – активно ќе го минувате првиот пролетен месец. Нема да ве држи место. Средби со пријатели кои одамна не сте ги виделе, а ќе договарате и забавни вечери, со или без партнерот/ партнерката. Крајот на месецот ќе ве дочека весело расположени.
ЈАРЕЦ
Парите и работата ќе ви бидат во центарот на вниманието. Екстра пари очекувајте околу 5 март и повторно околу 19 март. Во љубовта е стабилно. На почеток и на крајот од месецов се можни сериозни разговори со партнерот/ партнерката, со тоа што првиот разговор е позитивен за вас, а следниот нема да ви се допадне. Кон крајот на месецот мислите ќе ви ги обземе домот и некоја ситуација во врска со дома: настани, планови за преправка, разубавување и/или селидба.
ВОДОЛИЈА
Овој месец ќе имате многу љубов. Ќе ве обземе чувство на вљубеност, како и потреба од убавина, за себе или околу себе. Ве очекува убав договор за работа или за патување околу 19 март, и повторно кон крајот на месецот. Во љубовта ве очекува пријатен разговор со партнерот/партнерката. Уживајте.
РИБИ
Љубов, забава, деца, спорт, а после 20 март – заработување и пари – ќе се во центар на вашите мисли. Некои планови и идеи кои сè уште се во фаза на разработување, ќе излезат на видело или пак вие самите ќе ги обелодените во деновите околу 16 март. Нешто ново започнувате овој месец, а среќата ќе ве следи уште на самиот почеток од месецот. Можно е да треба да заминете во странство, или пак ќе учите.