Дали наскоро ќе пиеме кафе од лабораторија?

Љубителите на кафе во иднина можеби ќе пијат кафе произведено во Петриева шолја, а не на плантажа, велат фински научници кои се надеваат дека овој експеримент ќе биде успешен.

„Ова е вистинско кафе бидејќи во производ нема ништо друго освен – кафе“, вели Хеико Ришер.

Тој и неговите колеги од финскиот Технички истражувачки институт ВТТ сметаат дека со производство на вакво кафе ќе се избегнат многубројни проблеми во животната средина кои ги предизвикува масовното производство на едниот од најпопуларните пијалаци во светот.

Нивното кафе не е направено од зрна туку е направено од група клетки од билката кафе во строго контролирани услови во биореактор.

Откако ќе се препржи, правот може да се подготвува на ист начин како и обично кафе.

Тимот сега спроведува анализи за да утврди колку се исплати масовното производство на кафе во лабораторија, а веруваат дека за овој процес треба помалку работна сила и помалку трошоци.

Треба да почекаат најмалку 4 години пред да добијат дозвола од регулаторот за комерцијална употреба. Проектот може да биде важен и за Финска која е меѓу водечките земји во светот по консумирање на кафе по жител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e