Дали би се заразиле со корона вирус за да помогнете да се најде вакцина и да добиете 4.600 долари?

Во трката што побрзо да се дојде до вакцина за корона вирусот, лабораторија во Лондон им нуди на доброволци по 4.600 долари за намерно да се заразат со вирусот и да учествуваат во истражување за наоѓање вакцина.

Според The Times, волонтерите ќе треба да земат две недели одмор од работа и ќе им биде забранет контакт со надворешниот свет.

Во секој циклус од истражувањето, по 24 волонтери ќе бидат наменски инфицирани со вирусот Covid-19.

Hvivo, компанија која го води одделението за карантин во лабораторијата во источен Лондон, е една од над 20 компании и организации од јавниот сектор што учествуваат во глобалните напори за наоѓање вакцина за Covid-19.

The Daily Star објави дека волонтерите ќе бидат инфицирани со два чести, помалку сериозни подвида на вирусот од кој досега починаа над 3.800 луѓе.

Двата подвида, познати како 0C43 и 229E, се смета дека предизвикуваат поблаги респираторни симптоми. Надежите на научниците се дека ако се анјде вакцина за поблагите случаи, потоа ќе биде полесно да се справуваат со посериозните.

Заинтересираните, покрај карантинот и финансискиот надомест, може да очекуваат дека ќе им биде ограничен изборот на храна и ќе примаат некои од најсилните лекарства што постојат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e