а некои луѓе лесно им е гледањето наназад.
Сепак, на овие хороскопски знаци тоа исклучително тешко им паѓа.
Шкорпија
Поради тоа што се таинствени, не им е лесно да им се отворат на другите, но кога еднаш ќе ја стекнете нивната доверба, целосно се лојални и верни. Сепак, доколку некој ги предаде, Шкорпиите тешко го поднесуваат тоа и потребно им е многу време да го прифатат. Дури и кога ќе простат – никогаш не забораваат.
Девица
Девиците се аналитички луѓе. Што и да се случи, колку и одамна да било, тие тоа постојано ќе го анализираат – сè додека не бидат целосно спремни да тргнат понатака. Нивната природа е таква што внимателно ги следат сите ситници, па со самото тоа, случките од минатото добро ги паметат.
Лав
Често покажуваат самодоверба и изгледаат како да се цврсти, но всушност се многу нежни. Тешко се носат со минатото кога некој ќе ги повреди, а другите тоа често не го разбираат.
Вага
Вагите воглавно ги држат емоциите во себе, па тешко им паѓа кога сè одеднаш ќе им дојде за ‘наплата’. Тие се многу социјални личности, па токму затоа, кога остануваат сами, почнуваат да размислуваат за минатото и брзо се растажуваат.