Внимателно прочитајте ги овие прашања и обидете се да дадете точен одговор на истите.
Напрегнете ги мозочните клетки и проверете колку сте досетливи. Одговорите и објаснувањата ќе ги пронајдете на крајот од текстот, но – без мамење!
1. Бегство од затвор
На еден затвореник му се укажала можност да избега од затвор. Тој веќе успеал да избега од ќелијата и само надворешната врата го дели од слобода.
Постојат три излези од затворот: првиот го чуваат три бесни кучиња кои никого не пуштаат надвор. На другата врата има темпирана бомба, а последните минути веќе отчукуваат, а на третата врата стои чувар вооружен до заби.
Од која врата затвореникот најлесно ќе избега?
2. Истражувач и пештера
Еден истражувач на Јужниот пол бил затекнат од неверојатна снежна бура. Свесен дека некаде мора да се засолни, тој пронашол две пештери. Сепак, не може да влезе во ниту една од нив без никакви проблеми. Имено, во првата пештера се наоѓа огромна поларна мечка која ќе го изеде, а во другата некој оставил радиоактивен отпад на кој не е паметно да му се приоѓа.
Која пештера ќе ја избере?
3. Куќа со четири врати
Еден маж бил киднапиран и затворен во непозната куќа. Неговите киднапери го оставиле сам – тие знаат дека тој не може да помине низ ниту една врата без да го ризикува својот живот и веројатно да го изгуби.
Зад првата врата има снег и е екстремно студено, а мажот ќе премрзне ако излезе. Зад втората врата се наоѓа базен со гладни ајкули. Зад третата врата сè е исполнето со отровни гасови, а зад четвртата сонцето е толку силно што ги согорува сите живи суштества.
Низ која врата мажот успешно ќе избега?
4. Седум сестри во колиба
Седум сестри се наоѓаат во колиба и секоја од нив прави нешто. Првата чита роман, втората прави палачинки, третата игра шах, четвртата решава крстозборки, петата пере облека, а шестата наводнува растенија.
Што прави седмата сестра?
5. Кражба на чевли
Еден млад човек наследил две фабрики во кои се произведувале многу убави женски чевли. Сè одело добро додека тој не забележал дека вработените ги крадат тие убави чевли за своите сопруги и девојки и немало шанса да фати никој од нив!
Каква одлука донел младиот човек за да го намали бројот на украдени чевли?
6. Пополнете го празното место
Маја е ќерка на Роберт. Роберт е ______ на таткото на Маја.
Ова се точните одговори:
1. Затвореникот ќе избега низ вратата со бомба. Бомбата веќе отчукува и кога ќе експлодира повеќе нема да постои опасност, дури и ќе му го отвори патот за бегство.
2. Ќе влезе во првата пештера – на Јужниот пол нема поларни мечки!
3. Затвореникот ќе избега преку последната врата, зад која се наоѓа сонцето. Како? Едноставно ќе почека да дојде ноќта, односно да зајде сонцето.
4. Седмата сестра игра шах со третата.
5. Сопственикот наредил едната фабрика да произведува само леви чевли, а другата само десни.
6. Роберт е ИМЕТО на таткото на Маја.