Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Maкрон добија остри критики од јавноста откако излегоа информации дека потрошиле скоро 600.000 евра на цвеќе за време на пандемијата, пренесува „Дејли меил“.
Претседателската двојка овие пари ги потрошила минатата година за Елисејската палата, нивната официјална резиденција во Париз.
Ова значи дека нивниот буџет за цвеќе е скоро пет пати поголем од буџетот на нивните претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози.
Француската јавност е шокирана од трошењето на претседателот (43) и неговата сопруга (67) во време кога земјата се бори да се опорави од финансиските последици од пандемијата на коронавирусот. Владата на Макрон вети 100 милијарди евра за закрепнување на економијата.
„Елисејската палата“ потрошила скоро 20 000 на растенија, исто толку на орхидеи, нешто повеќе од 30 000 на зеленило и уште 398 000 на исечени цвеќиња за букети.
Да потсетиме, во септември беше објавено дека неодамнешното украсување на Златната соба во Елисејската палата чинеше 927.000 евра, пари што се финансирани од даночни обврзници на Франција.