Босанец во Салцбург сакал да прави скара, па ја запалил зградата

Во петокот вечерта државјанин на БиХ сакал да запали скара на балкон на зграда во австрискиот град Салцбург , па предизвикал пожар.

Како што соопштува австериската полиција , пожарот избувнал на шестиот кат во станбена зграда , каде 47- годишен Босанец се обидувал да запали скара.

Тој за потпалување користел течност , која случајно му се истурила. Сепак , го запалил огнот , но се запалила и течноста и огнот ја зафатил тендата на балконот на понискиот кат.

Огнот се ширел надолу по зградата , што резултирало со четири целосно изгорени балкони на пониските катови.

За среќа , никој не настрадал во пожарот .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e